Општество
Нема присуство на листерија во производите на „Екстра меин“
Нема присуство на бактеријата листерија во произвоидте на месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, потврди во средата Агенцијата за храна и ветеринарство, откако до неа стигнале сите резултати од анализите на брисевите земени од работните површини, материјалите и производите на оваа месна индустрија.
Нема присуство на бактеријата листерија во произвоидте на месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, потврди во средата Агенцијата за храна и ветеринарство, откако до неа стигнале сите резултати од анализите на брисевите земени од работните површини, материјалите и производите на оваа месна индустрија.
По минатонеделното известување од Министерството за здравство, дека е детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство преземаа опсежни контроли во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово.
Во рамки на контролите земени се вкупно 24 мостри од производи и адитиви кои се користат во производството, вклучително и од лотовите каде беше детектирано присуство на оваа бактерија, 10 брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија. Земени се и 2 бриса од материјали кои се користат во производството, а кои доаѓаат во контакт со храната.
Лабораториско испитување на земените мостри и брисевите, согласно препораката на Комисијата за заразни болести, паралелно се врши во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина и во Институтот за јавно здравје.
Досега, Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби сите резултати од анализите на брисевите,материјалите кои доаѓаат во контакт со храната и мострите од суровините и готовите производи направени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина и сите се негативни, односно одговараат на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна.
Од мострите и брисевите кои се испитуваат во лабораториите на Институтот за јавно здравје до Агенцијата се пристигнати 9 резултати за земени брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија, како и за испитани две мостри од спорните лотови вакумиран сечкан свински врат и 4 мостри од адитиви. Сите анализи се негативни, односно кај досега испитаните 15 мостри и брисеви од страна на Институтот за јавно здравје, не е утврдено присуство на бактеријата. Истите одговараат на одредбите од Правилникот.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги обработува пристигнатите резултати и по нивното комплетирање ќе ги преземе сите со закон предвидени мерки и активности за информирање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

