Општество
Никола Јанкуловски нов ректор на УКИМ
Со 43 гласови „за“, професорот Никола Јанкуловски, во понеделник е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методи“.
Одлуката на Сенатот е конечна. Противкандидат на Јанкуловски му беше професорот Ненад Новковски, кој е и поранешен министер за образование, кој освои само шест гласа, а шест ливчиња беа неважечки.„Се надевам дека ќе продолжи да го води универзитетот онака како што тој си зацртал. Се надевам дека проблеми нема да има. Му се заблагодарувам на учеството на професорот Ненад Новковски“, рече досегашниот ректор Владимир Стојковски.Новиот ректор, Јанкуловски вети дека максимално ќе се труди да ги оствари плановите од програмата, да го развие Универзитетот и да го зајакне неговиот академски развој.„Во овој момент можам да ветам дека максимално ќе се заложам да ги остварам сите работи што ги имам зацртано во програмата, заедно со сите тела на Универзитетот. Ќе направиме сѐ да го ставиме Универзитетот онаму каде што му е заслуженото место. Знаеме дека е најстар, најдобар и најголем во Македонија и е признат во Балканот, во европски и светски рамки. Универзитетот има огромен капацитет со кадровски потенцијал, а тој треба да се зајакне за да продолжи нашиот академски развој“, рече Јанкуловски.Тој нагласи дека без финансиска поддршка од државата плановите нема да можат да се остварат, а дека и сите заедно треба да се потрудат да најдат и други ресурси.„Ќе се трудам да се вложи во научната работа, во уметноста и иновативната дејност. Студентот е во центарот на универзитетската работа. Ќе се трудам да имаат поквалитетна едукација, поквалитетни услови и подобра кариера“, рече Јанкуловски.Изборот на нов ректор на УКИМ трае од утринските часови, затоа што најпрво, студенти, членови на Студентскиот пленум ја блокираа вратата во Ректоратот и не дозволуваа да влезат вработените и ректорот. Откако со нив се водеше дебата за она што тие сметаат дека е неправилно, односно десетте суденти кои се претставници во Сенатот дека немаат легитимитет да гласаат, заради што се бараше одложување на изборот на ректор, се формираше верификациона комисија која која одлучи дека десетте студенти имаат легитимитет да одлучуваат, по што студентите од Студентски пленум ја напуштија седницата.Во следниот половина час новиот ректор предложи да се изберат и проректори со цел што поскоро да се формираат раководните тела на Универзитетот и да почнат со работа./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

