Општество
Николовски: Се заканува колапс во здравствената заштита на животните

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) должи 200 милиони денари на ветеринарните друштва и се заканува колапс во здравствената заштита на животните, изјави во средата дополнителен заменик министер заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Денеска откриваме нов скандал поврзан со Агенцијата за храна и ветеринарство со кој се доведува во прашање спроведувањето на Здравствена заштита на животните. Агенцијата за храна и ветеринарство на ветеринарните друштва задолжени за спроведување на оваа наредба им должи околу 200 милиони денари, пари без кои тие не можат да функционираат“, рече Николовски.
Според него, катастрофалната финансиска состојба на ветеринарните друштва, за којашто наводно придонела власта, се заканува да предизвика колапс во здравствената заштита на животните, а преку тоа и во сточарството.
„Колку е ова сериозно доволно, зборува улогата на ветеринарните друштва во вакцинација на добитокот од заразни болести како бруцелоза, шап и лигавка, беснило, антракс, туберкулоза…болести кои можат да го уништат стадото на сточарот но и да го загрозат здравјето на луѓето. Ветеринарните друштва, кои имаат склучено договор со Агенцијата за храна и ветеринарство, преку обележувањето на добитокот се најдиректно вклучени и во субвенционирањето во сточарството“, додаде.
Николовски презентираше документ е барањето на 77 ветеринарни друштва кои преку Ветеринарната комора се обратиле до директорот на агенцијата, Зоран Поповски.
„Тие алармираат дека доколку не се обезбедат средства за нивно нормално функционирање, нема да можат да одговорат на законските обврски во извршувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните, идентификацијата и регистрацијата на животните и издавањето на ветеринарната документација“, толкуваше дополнителниот заменик министер заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Николовски рече дека доцнењето во исплатата на АХВ на ветеринарните друштва е нотирано и во извештаите на Европската комисија./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство

Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио-телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на вестите.
„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец, дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радиопрограмите. ТОЧНО Е 12:00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” , објави на „Фејсбук“ нејзината внука Ирина Костовска.
Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци,…
Posted by Irina Rin Kostovska on Четврток, 21 јануари 2021
Бранка Станковска е родена во Скопје на 30 април 1931 и е позната како врвен радио и телевизиски спикер и водител. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987).
Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.
Македонија
Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“.
Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега, за спроведување на пописот, ќе бидат на располагање за едукација и донесување протоколи за спорведување на една ваква, како што ја нарече, комплексна операција.
„Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите коишто ќе го водат тој процес“, рече Филипче.
Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи поминал, како што кажа, без ниту една забелешка.
„Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој е од клучно значање за државата“, рече Филипче.
Македонија
15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 171, Куманово – 12, Тетово – 19, Прилеп – 15, Гостивар – 6, Штип – 7, Битола – 4, Велес – 10, Охрид – 20, Струмица – 8, Кавадарци – 19, Струга – 10, Кочани – 2, Кичево – 10, Свети Николе – 1, Гевгелија – 3, Неготино – 3, Ресен – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Берово – 4, Делчево – 3, Пробиштип – 7, Виница – 3, Демир Хисар – 1, Кратово – 1, Крушево – 4, Македонска Каменица – 1, Пехчево – 2 и еден во Демир Капија.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 587 оздравени пациенти од Скопје – 426, Куманово – 18, Тетово – 7, Прилеп – 12, Гостивар – 14, Штип – 8, Битола – 11, Велес – 13, Струмица – 13, Кавадарци – 19, Кочани – 6, Кичево – 8, Свети Николе – 1, Гевгелија – 2, Неготино – 2, Крива Паланка – 8, Радовиш – 6, Берово – 3, Пробиштип – 5 Богданци – 2 и по еден во Валандово, Кратово и Пехчево.
Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66 години), еден од Куманово (73), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61 година), еден од Прилеп (69), еден од Кавадарци (73), еден од Кичево (51), еден од Крива Паланка (79), еден од Делчево (46) и еден пациент од Кратово (59). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 39.024, активни 6.767
• Куманово 5.062, активни 429
• Тетово 4.994, активни 463
• Прилеп 4.497, активни 269
• Гостивар 3.552, активни 308
• Штип 3.454, активни 166
• Битола 3.178, активни 219
• Велес 2.980, активни 307
• Охрид 2.684, активни 387
• Струмица 2.487, активни 360
• Кавадарци 2.430, активни 365
• Струга 2.162, активни 185
• Кочани 1.704, активни 116
• Кичево 1.681, активни 151
• Свети Николе 1.062, активни 48
• Гевгелија 957, активни 117
• Неготино 948, активни 155
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 715, активни 116
• Крива Паланка 708, активни 66
• Радовиш 679, активни 50
• Берово 571, активни 52
• Делчево 541, активни 157
• Пробиштип 489, активни 35
• Виница 479, активни 43
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 30
• Кратово 210, активни 14
• Крушево 196, активни 37
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 37
• Пехчево 177, активни 15
• Дојран 81, активни 7
Направените 1.906 тестови се преку: ИЈЗ – 468, ЦЈЗ Скопје – 48, Авицена – 183, Биотек – 134, МАНУ – 120, Жан Митрев (Филип Втори) – 83, Систина со PCR метода – 166, лабораторија Лаор – 52, Судска медицина – 9, ЦЈЗ Битола – 60, Инфективна клиника – 5, Синлаб – 38, Ремедика – 16, лабораторија болница Козле – 19, ЈЗУ (рапид тест) – 504, УК Пулмологија со алергологија – 1. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид-19.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот