Контакт

Општество

Нов случај на листерија

Објавено пред

Пациент заразен со бактеријата листерија што ја има во храната во сабота бил примен на Инфективната клиника, соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров.

Пациентот е од Тетово, на 48-годишна возраст и се наоѓа во стабилна состојба.

 

Ова е седми случај на листерија во Македонија за последните 30 денови. Од бактеријата починаа четири лица, меѓу кои едно новороденче. Двајца возрасни се излекуваа, а уште едно новороденче се наоѓа на Детската клиника и според информациите од почетокот на неделава, неговата состојба е стабилна.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Теренски активности на првата цивилна НАТО вежба во земјава – „Северна Македонија 2021“

Објавено пред

Денеска на терен, на две работни точки медиумските претставници на повеќе странски држави присуствуваа на реализација на вежбовното сценарио „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, а и на презентација за поврзаноста со НИКС – Нато командниот систем за инциденти (NICS).

Вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ e во организација на НАТО Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), а се реализира во периодот од 20 до 24 септември на подрачјето на Охрид и Струга.

Ова е прва цивилна НАТО вежба во Република Северна Македонија, којашто заради состојбата со пандемијата истовремено се одвива и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) е домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, заедно со надлежните институции кои се дел од Системот за управување со кризи.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во кој, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер.

Според надлежните, вклученоста во вежбата претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.

Во склоп на вежбата ќе бидат организиран научен ВИП симпозиум во траење од два дена, каде што ќе се одвива дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите – партнери, меѓународните организации и НВО. Максмална бројка на учесници ќе биде 50 лица, при што ќе има можност и за видео емитување.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

Прикажи повеќе...

Македонија

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово по 10, Кочани и Радовиш по 8, Гостивар и Кичево по 7, Гевгелија и Валандово по 6, Струга и Берово по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар по 2 и по еден заразен од Неготино, Делчево и Македонски Брод.

Пријавени се 16 смртни случаи – 8 починати лица од Скопје (88, 82, 82, 76, 72, 72, 71 и 64 години), тројца починати од Куманово (80, 71 и 65 години) и по еден починат од Струмица (71), Тетово (61), Охрид (85), Штип (86) и Берово (45).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 смртни случаи, со датум на смрт во период од 14 до 20 септември годинава. Од овие починати лица се по двајца од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички, додека 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци  по 7, Прилеп и Свети Николе  по 5, Крива Паланка и Богданци по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип по 2 и по еден оздравен во Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.

Направените 3.747 тестови се преку: ИЈЗ-363, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово-63, Судска медицина-2, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-168, Биотек-290, Систина-77, лабораторија Лаор-176, Синлаб-30, Ремедика-31, Плодност–64, Генеа-16, Никоб лаб-350, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-64, Ројал Медика –26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.409.

Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 188.113, бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 81663, Активни 5709
Куманово 11116 920
Тетово 10767, Активни 971
Прилеп 8944, Активни 285
Гостивар 7932, Активни 507
Битола 6977, Активни 257
Велес 6077, Активни 297
Охрид 5844, Активни 559
Кавадарци 5777, Активни 212
Струмица 5632, Активни 405
Штип 5593, Активни 236
Кичево 3895, Активни 423
Струга 3763, Активни 540
Кочани 3158, Активни 133
Гевгелија 2367, Активни 78
Неготино 2300, Активни 44
Свети Николе 1838, Активни 109
Ресен 1518, Активни 105
Радовиш 1489, Активни 112
Дебар 1444, Активни 127
Крива Паланка 1361, Активни 57
Берово 1200, Активни 37
Делчево 1111, Активни 67
Виница 1011, Активни 47
Пробиштип 900, Активни 43
Валандово 794, Активни 34
Богданци 544, Активни 17
Кратово 541, Активни 57
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 463, Активни 32
Демир Хисар 428, Активни 18
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 8
Македонска Каменица 293, Активни 20
Дојран 139, Активни 1

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Објавено пред

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче.

Како што посочува тој, пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.

„Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход“, пишува министерот за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на Ковид-19,...

Македонија1 час

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија4 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во завиност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија5 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија5 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија5 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион6 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија6 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион7 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија9 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија9 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет10 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет10 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија23 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија24 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија1 ден

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Досие