Општество
Нова метода во операциите на рбетен деформитет во Македонија
Операција на рбетен деформитет-скулиозо по нова метода извршена е деновиве за прв пат во Македонија над петнаесетгодишна пациентка, која се наоѓа во добра состојба здравтѕсвена состојба, информираше во неделата минситерот за здравство Никола Тодоров.
Интервенцијата ја извршил доктор од Клиниката за ортопедија кој бил на едукација во Турција, во присуство на врвен ортопедски спинален хирург од Турција кој работи во реномираниот Центар за спинална хирургија во Истанбул.
МинистеротТодоров, информираше дека ќе се направат и други заеднички интервенции до комплетно осамостојување на македонски тим кој ќе може да изведува таков тип интервенции во Македонија.
„Станува збор за метода која првпат се изведува на Клиниката за ортопедија, а веројатно и во Македонија, со оглед на тоа што досега овие деформитети се третирале со прилично застарени методи, со гломазни пластични корсети кои не придонесувале многу за исправување на деформитетот, туку само за стабилизирање на болеста или за мало прогресирање, а пациентите имале прилично отежнато функционирање со нив. Сега интервенцијата се изведува со импланти, со шрафови, кои се пласираат во пршлените и се врши постапка на исправање на деформитетот“, рече Тодоров.
Тодоров истакна дека оваа метода е особено значајна за младата популација, бидејќи овозможува корегирање на деформитетите во најрана можна возраст- од 14 до 15 години.
Доктор Нерон Поповски од Клиниката за ортопедски болести истакна дека станува збор за последна генерација во третманот на рбетни деформитети, а степенот на корекција кој се постигнува со оваа метода е многу поголем споредено со старите методи.
Кај одредени пациенти може да станува збор за целосна корекција на деформитетот. Во однос на постоперативниот тек, пациентите вториот или третиот ден може да почнат да одат. Нема потреба од постоперативно користење корсети или други помагала, а целата хоспитализација не трае подолго од десетина дена. За еден многу краток период животот на овие пациенти добива една друга димензија, рече Поповски.
Тој му се заблагодари до турскиот доктор со чија помош ја извршиле интервенцијата и до тимот во операционата сала на Клиниката и анестезиолошкиот тим.
Покрај оваа метода на Клиниката за ортопедски болести се планира воведување на уште една нова метода исто така со помош на доктори од Центарот за спинална хирургија во Истанбул. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

