Општество
Образовната Еразмус плус програма поблиску до граѓаните
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од 2014 до 2020 година во име на Европската комисија децентрализирано ќе ја управува програмата Еразмус плус во Република Македонија.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од 2014 до 2020 година во име на Европската комисија децентрализирано ќе ја управува програмата Еразмус плус во Република Македонија.
Тоа е водечка програма за образование, обука млади и спорт на Европско ниво, а го опфаќа целосниот образовен систем на Република Македонија како и сегментот млади и младински активности.
Покрај Еразмус плус и европските иницијативи Еуропас и Евридика од 2014 до 2020 година Националната агенција ќе се вклучи во имплементација на уште четири европски иницијативи, мрежите Еуродеск, Еквет, Еурогајденс и целосна имплементација на Е-твининг која досега ја имплементираше во склоп на програмата Доживотно учење која траеше од 2007 до 2013 година, а во текот на 2014 година обезбеди целосен пристап до програмата и ја управуваше како независна програма со посебен зголемен европски буџет за разлика од 2013 година.
Националната агенција во периодов кој следи планира реализација на шест Инфо денови за програмата Еразмус плус 2014-2020 година, а ќе се опфатат сите региони на Република Македонија. Во рамките на кампањата, ќе биде организирана и Валоризациона конференција за програмата Еразмус плус 2014-2020 година, како и дополнителни два Инфо дена во соработка со различни Локални заедници т.е општини.
Дополнително, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија.
Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на две ЕКВЕТ конференции во насока на подигање на свесноста во овој образовен сегмент.
Во пресрет на роковите од повикот за 2015 година, Република Македонија има обезбедено целосен буџет на централизирано и децентрализирано ниво вклучително и новиот сегмент Интернационална димензија во високото образование во износ од четири милиони евра, што претставува зголемување на доделените фондови од страна на Европската комисија од половина милион евра за 2015 година во однос на 2014 година.
„Нашата цел е да се зголеми видливоста на нашата работата, презентација на добри практики од успешно спроведени проекти, како и презентирање на можностите отворени за Република Македонија преку целосното учество во програма Еразмус плус“, истакна директорот на Националната агенција, М-р Дарко Димитров./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

