Општество
Од почетокот на 2015 дури 17 нови случаи против новинари
Новинарството и натаму претставува најтужена професија, па така од почетокот на 2015 година, само пред скопскиот основен суд се покренати 30 нови судски постапки, од кои повеќе од половината се однесуваат на новинари и на медиуми.
Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентарот и Центарот за развој на медиуми, ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред девет основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и Скопје 2), се покренати вкупно 520 судски процеси за навреда и клевета, од кои 74,4 отсто се веќе завршени, а 25,6 отсто се сѐ уште во тек. Најголемиот број од судските постапки за навреда и клевета се водат во скопскиот основен суд – (328) 63 отсто, а најмалку во Тетово – (5) 0,96 отсто. Новинарството и натаму претставува најтужена професија. Дури една третина од постапките водени пред Основниот суд Скопје 2, во изминатите две години, се однесуваат на новинари, медиумски работници и медиуми. Најголемиот број од овие процеси – (82) 75 отсто се веќе завршени, а останатите – (28) 25 отсто се сѐ уште во тек. Она што загрижува е тенденцијата на постојано и континуирано покренување судски постапки против новинарите. Од почетокот на 2015 година, само пред скопскиот основен суд се покренати 30 нови судски постапки, од кои повеќе од половината – (17) 56 отсто се однесуваат на новинари и на медиуми. За интензитетот и должината на судските постапки против новинарите, зборува и податокот дека во периодот јануари – јуни 2015, просечно се одвиваа триесетина судски процеси, со по 20 рочишта месечно. Во последните 12 месеци, завршени се 56 случаи, но поголемиот дел од пресудите сѐ уште не се готови, а за дел сѐ уште се води жалбена постапка пред Апелациониот суд. Ваквата ситуацијата доведува до тоа некои од постапките за навреда и клевета да траат и повеќе од две години, што е во спротивност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, според кој постапките се итни. Медиумите сѐ помалку се интересираат и информираат за навредата и клеветата. Ако во последниот квартал на 2014 година (октомври – декември), процентуалната застапеност на прилозите на оваа тема била 10 отсто од вкупното медиумско информирање за слободата на изразување и слободата на медиумите, во првиот квартал на 2015 (јануари – март), паднала на само 5 отсто. Досегашната пракса покажува дека постои загрижувачки драстична разлика во работењето на судиите, кога станува збор за процеси во кои како странки се јавуваат политичари/државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност. Кога во случаите како една од странките се јавува државен функционер, односно политичар, видливо е дека тие се одвиваат побрзо, односно видлива е тенденцијата за поитно постапување на судот. Исто така, во ваквите случаи примената на Европската конвенција и праксата од Стразбур, која меѓу другото предвидува носителите на јавни функции да имаат поголем праг на толеранција во однос на критиките, е недоследна и е во насока на целосна заштита на честа и угледот на функционерите, наспроти слободата на изразување.Ваквото постапување на судиите сериозно ја загрозува слободата на изразување во Македонија, доведува до самоцензура кај новинарите, предизвикува оладувачки ефект врз истражувачкото новинарство и повторно го наметнува проблемот со (не)зависноста на судската власт..Овој пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз слободата на изразување и слободата на медиумите, е подготвен од НВО Инфоцентарот и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ)./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

