Општество
Одбележан денот на Здружената Оперативна Команда на АРМ
Свеченост по повод денот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ се одржа во петок во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
На свеченоста присуствуваа: началникот на генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во министерството за одбрана (МО) Сашо Стефановски, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, претставници на МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на ЗОК, пензионирани генерали на АРМ, претставници од локалните самоуправи и други гости.
Генералот Котески во своето обраќање пред присутните, го истакна придонесот на ЗОК во дваесет и две годишниот развој на АРМ, потенцирајќи го беспрекорното извршување на задачите од страна на припадниците на ЗОК како најголема оперативна команда на АРМ.
НГШ на АРМ ја нагласи улогата на ЗОК во трансформацијата на АРМ, издвојувајќи ги ефикасноста во командувањето и контролата и реализацијата на модерна обука со персоналот, при што подвлече дека ЗОК ја трасира иднината на штабното работење на АРМ.
Пред гостите, пригодно обраќање имаше и професорот Александар Стојчев, кој изнесе историски факти за значењето на Кресненското (Македонско) востание и формирањето на штабот на востанието на 17. октомври 1878 година, како ден кој од денес ЗОК го прославува како свој празник.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 17.октомври е определен за ден на Здружената Оперативна Команда, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, а врз кој, заедно со други важни датуми од историјата, се темелат традициите на АРМ.
По завршување на официјалниот дел на свеченоста, од страна на НГШ на АРМ беше откриено спомен обележјето-печат на штабот на македонското-кресненско востание, а присутните имаа можност да видат повеќе автентични артефакти од овој период на македонската историја. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

