Општество
Одбележување на „Светската недела на доењето“ под мотото „Доењето: Победничка Цел – за Живот!“
Со цел остварување на Милениумските развојни цели за сузбивање на сиромаштијата во светот и промовирање на здрав и одржлив развој, поставени уште во 1990 година од страна на Владите и ОН, а усвоени на Милениумскиот Самит во 2000 година, Светската алијанса на акцијата за доење (WABA) по 22 – ри пат ја координира „Светската недела на доењето“, која годинава во светот и кај нас ќе се одбележува од 01 – 07 август.
Неделата на доењето ќе биде одбележана со теми со кои ќе се потенцира важноста за зголемување на мерките за заштита, промоција и поддршка на доењето и со вклучување на што повеќе групи, организации и индивидуалци.
Движењето за поддршка на доењето ќе биде одбележано во 175 земји под слоганот „Доењето: Победничка Цел – за Живот!“ истакнувајќи притоа дека постигнувањето на Милениумските Развојни Цели, со кои се предвидува редуцирање на смртноста кај децата и подобрување на мајчиното здравје, бара рано, ексклузивно и продолжено доење.
„Со заштита, промоција и поддршка на доењето сите ние може да придонесеме за секоја од Милениумските Развојни Цели. Ексклузивното доење и адекватната комплементарна исхрана се клучните интервенции за подобрување на преживувањето на децата и за потенцијално редуцирање на смртноста кај децата под 5 години за околу 20%. Раното и ексклузивно доење ја подобрува негата на новородените и го редуцира неонаталниот морталитет“, вели Претседателката на WABA, Felicity Savage.
Таа истакнува дека доењето е клуч за остварување на Милениумските Развојни Цели. Со него, според неа, може да се допринесе во искоренување на екстремната сиромаштија и гладот во светот, да се потпомага со ексклузивното доење и континуираното доење до две години и подолго, кое обезбедува високо квалитетни хранливи материи и адекватен енергетски внес за децата и може да го превенира гладот и неухранетоста.
Felicity Savage истакнува дека доењето е природен и евтин начин за исхрана на бебињата и децата и не е товар на семејниот буџет споредено со вештачката исхрана.
Во Македонија Светската недела на доењето 2014 се одбележува истовремено со глобалното движење, со активности организирани од страна на НВО Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца и во здравствените институции. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

