Општество
Одржан хуманитарен концерт за Д-р. Евица Бојаџиева
Голем хуманитарен концерт за Д-р. Евица Бојаџиева се одржа во четврток вечер во преполната концертната сала на Дом на АРМ.
На концертот се обратија организаторите, професорката Аспазија Софијанова и Претседателот на иницијативниот одбор Александар Трајковски.
“Не знам како да започнам, пред волку хумани луѓе, дали како мајка, како колешка, како хуман граѓанин. Ви благодарам на сите кои сте вечерва со нас и подадовте рака за да се спаси животот на 34 годишната наша колешка Евица Бојаџиева. Наша обврска, наша должност е да помагаме и ќе помагаме на секој оној што ќе му биде потребна помош”, истакна Софијанова.
“Како претседател на иницијативниот одбор за организација на овој голем хуманитарен концерт најнапред сакам јавно да се заблагодарам на луѓето кои заедно со мене работеа на овој настан, Професорката Аспазија Софијанова, Александар Пешевски, Илче Младеновски, Ивана Манчева и Мартина Спасовска ви благодарам од срце за посветеноста. Сакам да се заблагодарам и на сите донатори, естрадни уметници, Градот Скопје, Општина Штип, Општина Карбинци и сите останати за подадената рака и хуманоста која на дело ја покажаа. Ние тука не застануваме, зад себе имам 3 големи хуманитарни проекти со кои се гордеам. Можам да ветам дека и во иднина ќе продолжам да поддржувам организација на вакви и слични настани од хуманитарен карактер, затоа што нашето малку за некого значи живот”, нагласи Трајковски.
На концертот настапија голем број на естрадни уметници.
Хуманитарната акција за Д-р. Евица Бојаџиева продолжува и во наредниот период, бидејќи недостасуваат уште еден мал дел од финансиските средства потребни за целосниот третман.
Сите хумани граѓани и во наредниот период, можат да донираат со вртење на телефонските броеви за донација
077/143-702 ВИП
075/143-200 ONE
070/143-108 T-MOBILE
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

