Општество
Одржан хуманитарниот тениски турнир на Ротаракт Опен 2015
Во саботата на тениските терени АБЦ се одржа хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен 2015, vol.6“, во организација на Ротаракт Клуб Скопје во соработка со Еуроимпекс, генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово.
Ротаракторците, ротаријанците и пријателите на Ротаракт Клуб Скопје дадоа поддршка на личниот развој на децата од Здружението за заштита на правото на детето сместени во Дневниот центар за деца од улица, Шуто Оризари.
„Преку спроведување на овој хуманитарен тениски турнир имаме за цел да ги поттикнеме останатите чинители на општествениот развој и директно на децата на возраст од 14 до 18 годни од ‘Дневниот центар за деца од улица’ да им овозможиме доквалификација и доедукација со кои ќе им помогнеме на истите да пристапат на пазарот на труд и да го остварат своето право на квалификувано вработување и рамноправност“, рече Дарко Антиќ, претседателот на Ротаракт Клубот Скопје
„Добро е познато дека Ротаракт Клубот Скопје е граѓанска организација основана и водена од млади ентузијасти на возраст од 18 до 30 години кои секоја недела се собираат со цел да разменат нови идеи, планираат активности и проекти насочени за помош и поддршка на заедницата и унапредување на општеството. Денес по шести пат го одржавме хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен“ кој оваа година го организиравме заедно во соработка со Еуроимпекс – Пежо“, додаде Антиќ.
„Денеска се играше за децата од Дневниот центар за деца од улица. Станува збор за деца кои живеат во маргинализирани средини и во тешки социо-економски услови на кои реално им е потребна помош за остварување на нивниот личен развој“, рече Ивана Манчева, маркетинг директор во „Еуроимпекс“
Додаде дека „Еуроимпекс“ годинава го одбележува своето 25-годишно постоење и успешен развој, како во земјава така и во регионов. „За сиве овие години, една од основите цели на компанијата е грижа за своите вработени, но и за надворешните засегнати страни. Сè е во директна корелација со можностите, но ‘Еуроимпекс’ не го губи својот фокус и натаму тежнее да остане позитивен пример“, порача Манчева./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

