Општество
Одржана донаторската конференција посветена на интегрираното образование
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски, во четврток, присуствуваа на донаторската конференција посветена на интегрираното образование.
Конференцијата се одржа во присуство на претставници од надлежните институции кои делуваат во сферата на образованието, како и претставници на амбасади и меѓународни организации кои го поддржуваат процесот на интеграција на образованието во земјата.
„Она што сакам да го истакнам во контекст на интегрираното образование е дека Република Македонија е земја во која со години се негува и надградува мултикултурноста и мултиетничноста и тоа благодарение на она што децата го учат за меѓусебните различности од најмала возраст. Со помош на нашите партнери, спроведовме низа мерки кои придонесуваат во „градењето“ на училишта во кои децата ќе учат заедно, без разлика на кој етникум припаѓаат“, истакна во оваа прилика министерот Адеми.
Во своето обраќање министерот се осврна на неколку проекти и активности кои треба да се спроведат во иднина, како и на проектите кои тековно се спроведуваат, вклучувајќи ги: Проектот за Меѓуетничка Интеграција во Образованието на УСАИД, Проектот на Британската амбасада „Сите сме еднакви”, проектите на ЕУ преку ИПА програмата…
„Министерството за образование и наука планира во иднина да ги зголеми средствата за реализација на сите проекти за спроведување на интегрираното образование, бидејќи станува збор за доста обемен и сложен процес, во чија реализација добредојдена е помошта која пристигнува од нашите партнери и меѓународни донатори, и тоа поддршката од УСАИД, ОБСЕ, Нансен Дијалог Центарот, како и од другите пријатели на образованието на Република Македонија“, додаде Адеми.
Заменик министерот Ристовски посочи дека интегрираното образование е една од областите на која што Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука посветуваат сериозно внимание, вложувајќи многу труд и средства во насока на обезбедување континуиран развој.
„Многупати земјите од регионот и пошироко, дури и оние најразвиените нé посочувале како пример кој треба да се следи и почитува, каде преку воспитно образовниот систем секоја од заедниците го ужива правото на настава и едукација на својот мајчин јазик. Токму тој пример и таа пракса во која делбите на учениците по верска, етничка или било каква друга основа се неприфатливи, ќе продолжиме да ја продлабочуваме и унапредуваме во духот на добрите меѓуетнички релации“, рече Ристовски во своето обраќање. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

