Општество
Основан Фонд за образование за помош на македонските талентирани студенти
На гала вечера на Македонија 2025, која беше организирана со цел собирање средства за воспоставување на Фондот за образование и поддршка на млади таленти, се собрале милион долари, а присуствуваа и премиерот Никола Груевски со владина делегација и поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.
На гала вечера на Македонија 2025, која беше организирана со цел собирање средства за воспоставување на Фондот за образование и поддршка на млади таленти, се собрале милион долари, а присуствуваа и премиерот Никола Груевски со владина делегација и поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.
Фондот за образование и поддршка на млади таленти на Македонија 2025 ќе служи за финансирање на студенти од Република Македонија кои со помош на Македонија 2025 ќе продолжат да студираат на универзитети во САД и Канада.
Премиерот Груевски во своето обраќање најпрво испрати благодарност до основоположниците на Македонија 2025.
„Идејниот креатор Џон Битов Сениор, кој за жал повеќе не е меѓу нас, имаше јасна визија како треба да работи оваа организација за да ги приближи македонските компании кон западните перспективи и вредности за унапредување на деловните практики. Мајк Зафировски во изминатиот период даде значителна поддршка за развој на Македонија 2025, но и за промоција на Македонија заедно со тимот на Владата пред бројни бизнисмени и менаџери од најреномираните американски компании. Нивното и работењето на останатите членови и поддржувачи на организацијата Македонија 2025, е пример како успешните Македонци со своето искуство и знаење може да придонесат Македонија да биде успешна приказна“, истакна премиерот Груевски.
Тој во име на Владата даде позитивна оценка и поддршка на идејата и функцијата на Фондот.
„Денешниот настан кој има за цел да создаде Фонд за образование преку кој ќе им се помага на најдобрите македонски млади таленти својата едукација да ја продолжат на престижните универзитети во САД, уште еднаш ја потврдува заложбата на организацијата Македонија 2025 за унапредување на образованието и знаењето на младите од Македонија, што е од суштинско значење за градење просперитетна нација и држава. Силно ја поздравуваме и поддржуваме оваа иницијатива која се совпаѓа со активностите на Владата на Македонија за унапредување на образованието, претприемништвото и иновативноста како врвен приоритет“, истакна премиерот Груевски во своето обраќање.
Додаде дека функцијата на Фондот на Македонија 2025 е комплементарна со владините активности за инвестиции во образованието.
„Буџетот за образование е зголемен на околу 5-6% од БДП, и е на ниво на земјите од ОЕЦД, воведени се Кембриџ наставните програми за математика и природни науки, воведено е изучување на англиски јазик од прво одделение и на втор странски јазик од шесто одделение, обезбеден е компјутер за секое дете во основните и средните училишта, набавени се 80 современи лаборатории и реализирани се голем број на други проекти. Македонија е една од малкуте земји во светот која овозможува целосна стипендија за секој државјанин кој ќе успее да се запише на еден од врвните 100 универзитети во светот, односно 200 универзитети во областа на природните науки“, дополни Груевски во обраќањето пред присутните.
На гала вечерата се обратија и членовите на управата на Македонија 2025, Мајк Зафировски, Вера Ставроф, Џон Битов Јуниор и Роберт Арсов, а присуствуваше и 43-тиот претседател на САД, Џорџ Буш.
Членовите на управата на Македонија 2025 изразија задоволство од одржаниот настан, собраните средства и целите кои треба да ги постигне Фондот.
„Имавме добар настан, собравме еден милион долари, имавме посетеност од над 450 лица. Сите средства што ги собравме ќе одат за образование, ова ќе ни овозможи најдобрите и најпаметните млади луѓе од Македонија да одат на најдобрите универзитети во САД и Канада. Беше голема чест да ги имаме претседателот Буш и премиерот Груевски на овој настан“, изјави Вера Ставроф, потпретседател на Македонија 2025./крај/со/бб
„Главното достигнување на овој Фонд е да финансира стипендии и програми за младите Македонци да може да реализираат повисоки образовани цели, да се подготват добро и да се вратат во Македонија и да бидат успешни, да создаваат силна и напредна држава“, изјави Џон Битов Јуниор, член на Бордот на Македонија 2025.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.