Општество
Основано здружение за еднородителски семејни заедници „Една може! Скопје“
По повеќе од една година дејствување неформално како ткн „грас рут“ движење, претходно седмицава беше конституирано официјално здружение на еднородителски семејни заедници „Една може! Скопје; One can! Skopje; Nje Mundet! Skopje“.
Здружението „Една може! – One can!“, е доброволно, непрофитно, невладино, и непартиско здружение на граѓанки, самоиницијативно формирано со слободно здружување поради остварување севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејни заедници и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.
Различните аспекти на семејствување се актуелни и ви земјата и низ светот, а таргет група на здружението е еднородителскиот семеен живот.
Препознавајќи ги структуралните и институционални недостатоци и ограничености, самохраните мајки од земјата решија да се обединат и да се изборат за нивните потреби преку зајакнување на капацитетите за одржливост на нивните семејства детектирајќи ги клучните проблеми кои ги заегаат сите нив, спроведувајќи истражувања и компаративни анализи со цел пофункционално секојдневие и унапредувајќи ги правата и индивидуални и групни.
„Ќе изнаоѓаме правни советни рамки за институционална вклученост, за воведување на специфични законски правни, социјални, работодавни, здравствени, образовни и социјални рамки согласно потребите на еднородителските семејни заедници“, вели Дороти Пачкова во името на здружението.
Додава дека ќе се посветат и на ткн „хенд ту хенд’ активностите кои и досега ги спроведувале, со заложби за секој еден поедниец и ги повикуваат сите кои се чувствуваат засегнати да бидат дел од оваа нивната животна битка. Имаат и фејсбук група во која може да се пријавуваат заинтересираните.
„Ние, самохраните мајкишта имаме право да се слушне нашиот глас, и сакаме да споделиме со светот како се фаќаме во костец со секојдневието, сакаме да раскажеме како ни е, како живееме, со што се соочуваме, да детектираме каде ни се клучните проблеми и да се соочуваме со истите, да прилагодуваме и менуваме потреби, законски рамки, културни недостатоци, предрасуди, догми, заедно со институциите и општествово и секако со друштвенава заедница. Сите луѓе имаат право да ги кажат своите вистини и сосема легитимно е да сакаат да бидат ислушани. Важна е сечија вистина! Секоја има право да се изрази како му одговара најмногу, и со тоа покажуваме дека и наспроти сите неприлики, подготвени сме да застануваме една зад друга, да се поддржуваме, да учиме, да грешиме, да еволуираме, да се бориме“, наведува претставничката на „Една може! Скопје“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

