Општество
Отворен ден на факултетот ФЕИТ
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во саботата се оддржа Отворен ден, а многу средношколци и идни студенти го покажаа својот интерес за студиските програми, услови и можности кои ги нуди ФЕИТ.
„Со организирање на овој Отворен ден, ФЕИТ сака на средношколците да ги претстави можностите и условите за студирање, детално да се запознаат со студиските програми како и тековните проекти на кои работат нашите студенти. Преку отворените денови, практичната работа во текот на студирањето, како и проектите кои ги имаме во соработка со разни компании, ФЕИТ го покажува вниманието кое го посветува на своите идни студенти, веќе запишаните студенти и секако колеги по завршувањето на своите стидии“, рече професор д-р Миле Станковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Сите средношколци беа пречекани од деканската управа, наставниот кадар и од колегите студенти. Имаа можност да прошетаат низ целиот факултет, да ги погледнат лабораториите при секој институт, со нивните идни професори, како и можностите кои би ги имале од студирањето на различните студиски програми.
„Денеска покрај Отворениот ден, ФЕИТ е домаќин и на Националната математичка олимпијада на која учествуваат средношколци од прва до четврта година кои покажале исклучителни резултати во натреварите по математика. Очекуваме дека дел од нив ќе бидат наши студенти за кои Факултетот обезбедува пет стипендии“, рече професор д-р Александар Ристески, продекан за наука и меѓународна соработка.
Дополнително, во рамките на настанот Отворен ден на Институтот за телекомуникации се одбележува 100-годишнината од раѓањето на Клод Шенон (Claude Shannon) 1916 – 2016 – татко на теоријата на информации.
„За средношколците кои не беа во можност да присуствуваат на денешниот Отворен ден, ФЕИТ организира информативни денови на 11-ти мај (среда) и 8-ми јуни (среда), како и непосредно пред уписите во август“, потсети доцент Славче Пејоски, претседателот на Центарот за нови студенти на ФЕИТ./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

