Контакт

Општество

Пакомак ќе ги учи децата за важноста на рециклирањето преку театарска претстава

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

„Дали знаевте дека доколку ги рециклирате старите учебници од едно одделение ќеможете да  изработите доволно количество на хартија за други нови учебници, или речиси 60 килограми хартија кои се произведуваат од едно цело дрво?“, оваа и уште многу други корисни и едукативни информации во врска со рециклирањето и екологијата децата од основните училишта низ земјава ќе можат од близу да ги слушнат и доживеат преку претставата креирана токму за нив со поддршка и иницијатива на Пакомак, а во реализација на здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“.

 

Автор на претставата е Детското драмско студио „Детски свет“, при МНТ. Овој театарски караван започна со градот Прилеп и има за цел да ги обиколи градовите низ Македонија во следните неколку месеци.

 

„Децата најдобро учат кога работите им ги пренесуваме низ игра, па така решивме овој проект да биде детска театарска претстава полна со интересни едукативни факти кои се лесно применливи во секојдневието. Сакавме да ја разбудиме детската фантазија и да ги предизвикаме некои од експериментите кои ќе ги прикажат младите актери и тие самите да ги применат. Селектирањето на отпадот и бенефитите кои средината може да ги почувствува се долгорочни и затоа вреди со сите расположливи сили да се движиме во таа насока“, вели Филип Ивановски, генерален директор на Пакомак.

 

„Првата изведба помина во одлична атмосфера како и што очекувавмево културниот дом Марко Цепенков во Прилеп. Беа одиграни две претстави пред две преполни сали односно повеќе од 1200 деца од основните училишта. Она што ми е најдраго е што сите се забавувавме и научивме многу нови работи.  Содржината беше интересна за учениците, а верувам и самиот факт што инволвиравме деца актери кои се врсници на публикатаигра важна улога во начинот на кој ќе биде прифатена. Ова е многу важен сегмент од воспитниот процес кај младата публика и би сакала да премине во долгорочен проект кој ќе се развива од годнина во година“, изјави Кристина Арнаудова основач на здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“.

 

Ова е прва претстава од ваков тип во Македонија. После претставата во Прилеп овој театарски караван ќе продолжи во: Кавадарци, Скопје, Битола, Богданци, Струмица, Куманово, Штип. Целта е да се опфатат сите градови во земјава и што поголем број на дечиња да можат да бидат дел од претставата за да добијат едукација и информации за екологијата и рециклирањето на еден забавен начин./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет2 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ4 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет5 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет5 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет5 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет5 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа6 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет6 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет7 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија23 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет1 ден

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет1 ден

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија1 ден

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет1 ден

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ1 ден

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...