Општество
Панел дебата на тема ‘Ранливи категории население во кризни ситуации’
Панел дебатата којашто се одржа во Скопје во петокот е дел од активностите на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) поврзани со одбележувањето на Светскиот ден на населението (11-ти јули), на тема „Ранливите категории население во кризни ситуации“.
Постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон, во своето обраќање потенцираше дека во 2014 година „60 милиони луѓе морале да ги напуштат своите домови и да побарат безбедно засолниште во друг дел од светот“.
„Еден од 122 лица во светот е бегалец, што значи дека секој од нас може да се соочи со ваква ситуација. Мора да запаметиме и дека статистички една на секои пет жени бегалци е бремена. Обидетете се да ги замислите тешкотиите со коишто се соочува бремена жена од Сирија која мора да пешачи чети илјади километри од нејзиниот дом во Дамаск да стигне безбедно до Берлин, без никаков правен статус. Во векви кризни ситуации, УНФПА им помага на жените и девојките да го задржат своето достоинство, безбедност и обезбедување на пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“, посочи Винтон.
Во своето обраќање заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, ја потенцираше добрата соработката на Владата и агенциите на Обединетите нации во земјава во однос на актуелната криза со мигрантите.
„Кризата нé засега сите, и затоа пристапот кон справување со истата треба да биде заеднички. Ние покажавме дека можеме да бидеме успешни само ако сите заеднички се стремиме кон истата цел. Ве повикувам, заеднички да се се справиме и со оваа состојба“, рече Андовски.
За активностите на Црвениот крст во земјава во однос на темата говореше Сашо Талевски, кој потенцираше дека најважно е да се има капацитети за да направи добра процена, како и за да се направи подготвка за можни кризи, за во координација со сите институции подоцна да може да им се помогне на луѓето на кои им е потребна помош/
„Досега во повеќе од педесет општини беа подготвени и советите ги усвоија безбедносните проценки, вклучително и градот Скопје, овие документи ќе ги претставуваат можните ризици и опасности кои може да се појават на нивната терижторија и ќе бидат одговор на институциите во справувањето“, инфрормираше Душко Петровски од Центарот за управување со кризи кој во своето обраќање даде преглед на активностите на ЦУК и ја адресираше добрата соработка со локалните самоуправи.
Со спроведување на мандатот на УНФПА во итни состојби се овозможува остварување на правата на сексуално и репропродуктивно здравје на девојките и жените, како и дејствување во поглед на нивната ранливост на насилство./крај/мф/мб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

