Општество
Почнува шестата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европa, САД, Израел и Мароко, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, годинава по шести пат ќе се одржи од 16 до 28 август во Охрид.
Идејата на школата е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот.
„Преку Школата за млади лидери на претседателот Иванов, сакаме да ги мотивираме младите да ја развиваат својата визија како идни трансформациски лидери на Република Македонија. Визијата на еден трансформациски лидер дава насока, фокус, цел и просперитет. Во Македонија имаме прекрасни млади луѓе кои се добро едуцирани, кои ја сакаат Македонија и сакаат со својот потенцијал и искуство да направат позитивни промени во општеството. Школата за млади лидери на претседателот Иванов е одлична платформа за нивниот почеток за еден таков одговорен и лидерски предизвик. Преку програмата на ова школа сакаме да мотивираме создавање на „големи“ лидери кои ќе ја инспирираат големината кај другите“, вели Гордица Каранфиловска, раководител на проектот.
Меѓу предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери се поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, Франко Фратини, поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, директорот на Кралскиот институт за меѓународни односи од Белгија, Марк Оте, членот на Извршниот комитет на Трилатералната Комисија и претседател на организацијата „East West Bridge“, Јован Ковачич, директорот на Европскиот институт на Фондот за Aмерикански студии, Метју Квасиборски како и Генералниот директор на Исламската образовно, научна и културна организација „ИСЕКО“, Абдулазиз Отман. Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, успешни лидери на компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Холандија, Србија, Турција и други земји.
Годинава на школата учествуваат и тројца претставници од организацијата за социјална одговорност „SosyalBen“ од Турција.
Во изминатите пет години на школата учествуваа 200 млади луѓе и над 120 предавачи, меѓу кои и поранешните претседатели на Чешка и на Србија, Вацлав Клаус и Борис Тадиќ, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, Иво Шлаус и Феликс Унгер, како и многу амбасадори, функционери од Европската Унија, директори на меѓународни институти и професори од реномирани светски универзитети.
Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања, средби со амбасадори, учество во младински настани, се продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

