Општество
Почнува со работа Универзитетот „Мајка Тереза“, ректор е Азиз Положани
Првиот академски час на новиот универзитет „Мајка Тереза“ се очекува да се одржи за две недели, а на почетокот на своето работење ќе ги користи просториите на Универзитетот Југоисточна Европа (Штулов универзитет) во Скопје.
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу во петок рече дека матичните комисии вчера имале средба со професорите кои се избрани да бидат дел од наставниот кадар на новата високообразовна установа, а избран е и Сенат кој, пак, за в.д. ректор на „Мајка Тереза“ го избрал Азиз Положани, поранешен министер за образование.Неговиот мандат е шест месеци за, како што рече Лутфиу, да нема комодитет, а ќе му биде продолжен во зависност од покажаните резултати.За наставен кадар аплицирале 170 лица, а избрани се 45 кои ги исполнувале условите. Наскоро ќе биде објавен уште еден оглас за 39 наставнички места.За новиот универзитетот од буџетот се обезбедени 80 милиони денари. Во негов состав се пет факултети на кои се распоредени засега 45те професори и асистенти: факултет за социјални науки (пет професори и тројца асистенти), за информатички науки (четворица професори и шест асистенти), за технолошки науки (пет професори и тројца асистенти), за технички науки (седум професори и седум асистенти) и факултет за градежништво и архитектура (тројца професори и двајца асистенти).„Ја подготвуваме техничката документација за во Централен регистар за идната недела да добиеме решение како правен субјект. Потоа Министерството дава решение за работа. Се очекува за некои две недели да се одржи првиот час“, рече Лутфиу.До сега се пријавиле 80 кандидати што сакаат да студираат на новиот универзитет, а електронското пријавување ќе трае до средината на октомври. Онлајн регистрираните кандидати потоа ќе бидат повикани да донесат документи. Конкурсот предвидува 1.220 места за запишување студенти во прва година за сите пет факултети на „Мајка Тереза“.
Во договор со Штуловиот универзитет, новиот универзитет за настава ќе ги користи неговите простории во Скопје. Во 2017 година се очекува да почне изградба на негов сопствен објект на местото на касарната „Илинден“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

