Контакт

Општество

Поглаварите на ИВЗ на Македонија, Албанија и Косово на заеднички ифтар

Објавено пред

Во организација на Дебарското муфтиштво , во Дебар синоќа се приреди Рамазански ифтар за првите луѓе на Исламските заедници на Македонија, Сулајман Реџепи, Албанија, Скендер  Бручај и Косово, Наим Трнава.

dobivaj vesti na viber

 

 

На ифтарот на кој присуствуваа  над 250 гости меѓу кои и муфтиите на 13 муфтиштва на ИВЗ во Македонија, потоа градоначалниците на Дебар Ружди Лата, Центар Жупа Арјан Ибраим и Маврово Ростуше,  Мукрам Мехмеди во поздравниот збор Дебарскиот Муфтија, Рамазан Хаса нагласи дека оваа е прв пат на еден заеднички ифтар да бидат првите луѓе на исламските заедници на Македонија, Косдово и Албанија.

 

Во своите поздравни зборови  Претседателот на ИВЗ Реџепи, на Мусламнската заедница на Албанија, Бручај и  Исламската заедница на Косово, Трнава како и дебарскиот градоналник и екс муфтија Ружди Лата беше нагласено големото значење на оваа прва средба од ваков карактер.

 

Тие оценија дека Дебар е голем бидејќи секогаш низ историјата, но и сегашнота давал голем продонес за албанштината и исламот.

 

Дебарските имами во минатото  имаат давано голем придонес и за исламската вера и во Албанија. /крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Зеленски ги повика Унгарија и Кина да извршат притисок врз Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Унгарија и Кина да влијаат врз Москва да ги запре воените операции во Украина....

Свет22 минути

Венс: Конфликтот со Зеленски во Белата куќа беше корисен за Американците

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека конфронтацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се одржа во...

Македонија31 минута

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет36 минути

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија13 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија15 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија18 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија19 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ19 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија21 час

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ23 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет1 ден

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет1 ден

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет2 дена

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...