Контакт

Општество

Половина од учениците не се чувствуваат безбедно во училиште

Објавено пред

Речиси половина од учениците не се чувствуваат безбедно во училиште, населбите во кои не живеат, на патот до училиште, во автобус или автобуска станица, покажуваат резултатите од истражувањето објавени во вторник на тркалезна маса на тема „Насилство помеѓу учениците од средно училиште“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Главниот истражувач на спроведеното истражување,Моника Божиновска,  ги претстави наодите и анализата.

 

Четвртина од средношколците „турнале или удриле шлаканица“ на некого во изминатите 30 дена, додека 19,6 % од испитаните ученици имале „физичка пресметка“, а 7,7% „влечеле за коса, алишта или терале да прави нешто што другиот не сакал да направи“.

 

Истражувањето ја испитуваше и перцепцијата на средношколците за достапност до оружје, од каде за 44% од учениците сметаат дека набавувањето на пиштол е „многу лесно“ или „релативно лесно“, за 36,7% е „тешко“да се изведе, а само за 19,2% е „невозможно“. 4,1% од учениците во текот на годината со себе носеле „пиштол“, а 2,5% биле на училиште со „пиштол“. 6,8 % од учениците со себе носеле „друг вид на оружје од нож и пиштол“, а 4% изјавиле дека носеле „друг вид на оружје“ во училиште.

 

Според резултатите утврдено е дека не постои статистички значајна разлика во степенот на манифестирано насилно однесување помеѓу учениците кои живеат во етнички хетерогена или хомогена средина, но постои разлика во перцепцијата за достапноста на оружје помеѓу средношколците во овие средини.

 

Елена Ивановска, раководител на Сектор за основно и средно образование укажа на мерките кои се преземени од страна на Министерство за образование и наука за да се превенира насилството. Според МОН, пред се вработени се стручни соработници во училишта, а се работи и на зајакнување на службите и вработување на дефектолози. Со измените на Законот за основно и средно образование, предвидени се советувања на ученици и родители, со што се зајакнува семејната компонента. Дополнително се работи на едукација на учениците, особено во запознавање со  типовите на кривични дела но и однесувањата кои можат да доведат до насилство.

 

Миле Гиновски, претседател на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво ги поздрави квантитативните анализи, кои досега биле од помош при креирање на стратегии за справување со насилство,  но посочи дека има потреба од квалитативни информации за подобро да го разбереме проблемот. Гиновски, исто така посочи дека е потребно вклучување на учениците во процесот на донесување на политики за справување со насилство, за да можеме да разбереме зошто истото се случува.

 

Ива Михајловска од канцеларијата на Народниот правобранител, нагласи дека потребно е зајакнување на психолошко-педагошки служби, односно  повторно стекнување со едукативениот и морален авторитетот и статусот кое службите го имале во минатото. Таа посочи дека соработката меѓу институциите дава резултати, и треба да се активираат повеќе засегнати страни, како на пример локалната самоуправа, во чиј состав функционираат локални совети за превенција на малолетничко насилство.

Ана Поп Ризова, психолог во средното училиште Орце Николов, зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат психолошко- педагошки служби. Дел од причините за неефикасноста на службите, Поп Ризова ги лоцира во преоптоварувањето со активности од административен карактер, недоволна финансиска стимулација и непропорционалност на големината на службата со бројот на ученици кои таа треба да ги опслужува. Таа посочи дека формите на насилство се менуваат, и потребно е нивно вклучување во  правилниците или законската регулатива за да може соодветно да се одговори.

 

Шаип Зенели,  Директор на средно училиште “Цветан Димов“, се осврна на факторите кои придонесуваат за појава на насилство кај учениците. Тој посочи дека најчесто учениците не го иницираат сами, туку дека насилството е предизвикано некаде или од некого. Една од главните причини за манифестација на насилство е постоењето на стереотипи и предрасуди, за што домашното опкружување е клучен фактор. Особено важно е да се спречи злоупотребата на учениците пред и за време на изборните процеси .

 

По говорите на панелистите и гостите, присутните дискутираа за ефикасноста на постоечките мерки, важни области на делување како и потребата од третирање на специфични прашања како: мотиви за манифестирање на насилно однесување, спроведување на програмата за интегрирано образование, како и начини справување со говор на омраза. /крај/со/ст

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет4 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија6 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија10 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ11 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија12 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија12 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија13 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија15 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет17 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет17 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија18 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...