Општество
Постои тенденција на тајност на информациите од државните институции за граѓаните
Сé уште постои тенденција на тајност на информации до кои може да дојдат граѓаните во Македонија и покрај напорите на Отворено владино партнерство за ЕУ интеграции и одржлив развој кое веќе пет години се спроведува во Македонија.
Така, граѓаните не можат да знаат колку троши премиерот на хотелски сместувања, ручеци и слично, кога оди на патувања, затоа што според прес-службата на Владата таква информација не можат да дадат затоа што е класифицирана, а како што појасни заменик –министерот за информатичко општество и јавна администрација, Тимчо Муцунски, тие се воделе од позитивните законски норми. „Тоа е прашање кое сте го поставиле на прес-службата на Владата, претпоставувам, и верувам дека одговорот е даден во согласност со позитивните законски норми во нашата земја. Јас не би отишол во толкување зошто постојат такви позитивни норми, но верувам дека во овој специфичен случај се извлечени од споредбено правни искуства. Како што јас знам, тоа е пракса во многу земји ширум светот“, рече Муцунски. „Забележан е одреден напредок во активностите на отворено владино партнерсто, меѓутоа се уште има многу да се работи. Во таа смисла секако има предизвици и согласност дека има предизвици и од страна на владата и од страна на граѓанското општество. Исто така, одредени наоди на процесот зборуваат дека се уште постои тенденција за тајност на информации и во таа смисла и граѓанското општество се залага за поголема транспарентност и пристап до информации на граѓаните во рамките на отвореното владино партнерство“, вели Луиза Винтон, постојаната координаторка на Обединетите нации и постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации во Скопје.За нетранспарентноста на институциите во однос на трошоците на високите функционери, Винтон вели дека ова е одлука што секоја држава си ја носи посебно, но генерално нивниот став е колку поотворена влада и институции, толку подобро. Поголема транспареност на податоците, еден од приоритетите на иницијативата, може да се обезбеди со политичка волја од властите, но и барање од граѓаните за остварување наПравата, беше една од пораките изнесени на денешниот форум „Пет години Отворено владино партнерство: за ЕУ интеграции, одржлив развој и луѓето?“, во органзиација на Центарот за истражување и креирање политики.За спроведувањето на приоритетите од иницијативата, чиј координатор е Министерството за информатичко општество и администрација, веќе е подготвен третиот Акциски план. Дел од 495те вклучени претставници во подготовката беа и 53 невладини организации со кои заедно се испланирани 100 достигнувања и 34 заложби во осум приоритетни области. Марија Ристовска, извршен директор на Центарот за истражување и креирање политики, потенцира дека станува збор за прва иницијатива со толкав обем во која соработуваат партнерски Владата и граѓанското општество за реформи во областа добро владеење, а оваа година заедно со Канцеларијата на УНДП успеале националниот акциски план за отворено владино партнерство да го усогласат со целите за одржлив развој кој што е уште една глобална агенда пред која е исправена Република Македонија, а има цел да ги подобри квалитетот на живот на граѓаните./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

