Општество
Повеќе кривични пријави, отколку покренати обвиненија за насилство врз жени
Зголемен е бројот на кривични пријави за насилство врз жени, за разлика од бројот на покренати обвиненија, покажаа резултатите од шесмесечното набљудување на судски предмети за насилство врз жени.
Проектот на УСАИД за правна заштита на жени имплементиран од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), одржа прес конференција и форум за граѓански и кривични судии, на кој ги презентираше наодите од шестмесечното набљудување.
Поднесените предлози за кривично гонење за телесна повреда при семејно насилство, во голем дел се повлечени од страна на жртвите во текот на постапката. Од изречените осудителни казни за сторено семејно насилство, во 62% е изречена алтернативна мерка – условна осуда.
Добиените податоци од оваа анализа во голем дел соодветствуваат со првичните податоци од следењето на судските постапки за насилство врз жени. Тие укажуваат на исклучително голем број на процесуирани кривични постапки за казнени дела за насилство врз жените. Најголем број на кривични постапки се однесуваат на семејното насилство, по што следат предметите за трговија со луѓе. Присутна е тенденција на поблаго казнување на сторителите на семејно насилство и трговија со луѓе, со што не се придонесува кон генерална превенција од овие видови на насилство.
Мал е бројот на граѓански постапки за изрекување на привремените мерки за заштита кои имаат за цел превенирање на семејно насилство. Незначителен е бројот на жртви кои иницираат постапки за надомест на штета поради претрпеното насилство.
Следењето на судски предмети спроведено во период од шест месеци (март – октомври, 2015 година) опфати набљудување на 80 судски предмети за насилство врз жени, односно 188 судски рочишта во десет основни суда во државата.
Проекот на УСАИД за правна заштита на жените е тригодишен проект имплементиран од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во партнерство со Отворена Порта – Ла Страда и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

