Општество
Предлог законот за високото образование не е стигнат на дневен ред
Предлог законот за изменување и дополнување на законот за високо образование во второ читање сè уште не е предмет на расправа пред матичната комисија.
Олга Најденовска, претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт за време на расправата на еден од амандманите поднесени од ДПА што се однесуваа на предлог измените за законот за средно образование побара пауза од пет минути, која траеше повеќе од три часа.
Второто читање на пакетот измени во високото образование е последна точка на дневниот ред, а претходно, членовите на комисијата расправаа за измените во законот за основно и средно образование. Досега се поднесени над 140 амандмани од парламентарното мнозинство, ДПА и независните пратеници, кои во најголем дел се однесуваат токму на предлог законот за високо образование.
Од Студентскиот и Професорскиот пленум вчера соопштија дека ќе земат учество во дебата само доколку биде повлечен прелог законот за високо образование. Побараа од претседателот Ѓорге Иванов да стави вето на предлог законот, кој очекуваат да биде изгласан, а доколку тоа не се случи, порачаа дека разгледуваат начини за изразување на револтот. Претседателот Иванов не се изјасни по нивното барање.
Во петокот, пак, нова група професори од универзитетите од Македонија се приклучија кон иницијативата за реформи во високото образование и поддршка за државниот испит.
Седницата на Комисијата требаше да се одржи во четвртокот, но беше одложена за еден ден во очекување на нови предлози и за евентуално подобрување на предлог-законот за високо образование, за да се остави време за сугестии во однос на пакетот образовни реформи./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

