Општество
Промовирана новата музејска поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949“
Нова музејска поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949“ беше промовирана во сабота во Музејот на Македонија.
Новата поставка се простира на 400 квадратни метри претставува една нова потресна аудио-возуелна нарација на болката и голготата што ја преживувале Македонците во тоа време.
„Ваквите судбини и оваа тематика досега биле обработувани во многу книги, во многу литературни дела, во разни филмови театарски претстави, на повеќе музејски изложби, а од денес и во оваа постојна поставка во Музејот на Македонија“, рече премиерот Никола Груевски.
Во тоа време Македонците дале околу 21.000 жртви, а како резултат на Граѓанската војна во Грција над 50.000 Македонци биле раселени низ повеќе држави.
„Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи. Таквата меморија поврзана со една болна и тешка историја на дел од нашиот народ денес е поткрепена и со оваа прекрасна музејска поставка“, додаде Груевски.
Според министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, со оваа музејска поставка се легитимираме како нација која знае да ја почитува и да ја валоризира историјата и нација која знае да го почитува минатото и да извлече поуки од него.
„Преку длабоко осмислениот пристап на новата музејска поставка посетителот може да проникне во најмачните сегменти и најгорливите премрежја низ кои поминувал македонскиот народ во Вотрата сцетска војна и Граѓанската војна во Грција. На уникатен, возбудлив и драматичен начин во поставката се презентирани мноштво фотографии, документи, оружје, облека, предмети од битов карактер, како и други сведоштва поврзани со овој сегмент од историјата на македонскиот народ“, рече Канческа-Милевска.
Проектот „Музејска поставка за Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949“ се подготвуваше подолг временски период во кој покрај стручните тимови во прибирањето на материјалите се вклучиле и поголем број установи, здруженија, како и граѓани поединци кои подариле фотографии, документи и предмети од личен и семеен карактер. /крај/к/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

