Општество
Проширување на листата на лекови на рецепт на товар на ФЗОМ
Од 1-ви септември 2014 година лекарите во дежурните лекарски служби во здравствените домови ќе можат да пропишуваат на рецепт на товар на ФЗОМ уште четири лекови по генерика.
Новите лекови кои ќе може да ги пропишуваат дежурни лекари се антивиротици и антибиотици следните: Аciclovir, таблети; Aciclovir, крем; Dexamethasone+Chloramphenicol, капки за очи и Ciprofloxacin, капки за око и уво.
Сега 50 генерики со различна форма, односно, 142 лекови по заштитено име, од кои 15 се нови дополнети лекови по заштитено име кои дежурните лекари ќе можат да ги пропишуваат на рецепт на товар на ФЗОМ. Лековите се наменети за терапија за желудник, стомачни тегоби, срцеви заболувања, антивирусна терапија, антибиотици, антиревматици, лекови против болка и покачена телесна температура, седативи, лекови за респираторни заболувања и лекови за алергија.
Втората новина се однесува на организирањето на дежурни аптеки по градовите.
За обезбедување на континуирана здравствена заштита за осигурените лица ноќе, сабота, недела и државни празници, приватните здравствени установи – аптеки кои имаат склучен договор со ФЗОМ договорено е да организираат дежурства.
Со новата одлука за организирањето на дежурства во аптеките од 1-ви септември 2014 година дежурствата ќе се спроведуваат на следниот начин:
Континуирани дежурства – Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид, Струмица, Велес, Штип и Гостивар.
Комбинирани дежурства – Струга. Континуираните дежурства во аптеките се спроведуваат во периодот од месец јуни до месец август во годината, а останатиот период од годината дежурствата се спроведуваат во аптека по телефонски повик.
Во останатите градови/населени места во државата, дежурствата се спроведуваат по телефонски повик, односно лицето определено за дежурство во аптеката по телефонски повик издава лекови на осигурено лице во просториите на аптеката.
За организираните месечни дежурства, аптеките доставуваат распоред до дежурната лекарска служба. Распоредот на дежурства за тековниот месец на аптеките, се објавува на веб страницата на ФЗОМ (www.fzo.org.mk).
Третата новина е олеснување за рефундациите за лекови од Позитивната листа.
За олеснување на надоместокот на средства (рефундации) за лекови од Позитивната листа купени од странство, Управниот одбор на ФЗОМ донесе и одлука за измени во Позитивната листа од формално-правен карактер со кои се обезбедува еднаков третман на осигурениците за остварување на правото на надомест на средства за купени лекови во РМ или странство.
На осигурениците ќе им се надоместуваат средства за лек од Позитивната листа кој бил купен во странство, без разлика дали лекот е во промет во РМ или не. Одлуката на Управниот одбор на ФЗОМ е во постапка на добивање согласност од министерот за здравство, и ќе стапи во сила и ќе се применува по објавување во Службениот весник на РМ.
Во пракса ова ќе значи дека дококу осигуреникот купил лек кој не е регистриран во државата, а се наоѓа на позитивната листа, Фондот ќе може да му надомести средства за тој лек. Со оваа потешкотија осигурениците се соочија откога Фондот дозволи на позитивната листа да бидат сите јачини за одреден лек, а истиот лек не бил регистриран во Македонија а го имало во околните држави. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

