Општество
Речиси 5.000 потврди на имигранти издадени во петокот, на 700 лица не им се дозволува влез
На граничните премини на земјата во однос на доаѓањето и заминувањето на имигрантите и бегалците во саботата состојбата е редовна и на северната и на јужната граница, информираат од Министерството за внатрешни работи, а од грчка страна има околу 700 лица на кои не им е дозволен влез, кои потекнуваат од земји за кои се смета дека не им е загрозен животот на имигрантите, додека другите мигранти се примаат во согласност со процедурите
На граничниот премин Табановце, на границата кон Србија, нема задржување, а во Прифатниот транзитен центар регистрацијата се одвива редовно.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20-ти ноември, издадени се потврди на вкупно 4.840 странски државјани, од кои 2.413 се од машки пол, 872 се од женски, 1.169 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 386 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, сé уште најбројни се државјаните на Сирија – 2.237, од Авганистан – 1.839, од Ирак – 764, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 20-ти ноември годинава издадени се потврди на вкупно 265.846 странски државјани. Од нив 156.025 се од машки пол, 40.629 се од женски, 55.210 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.982 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 162.372, потоа Авганистан – 59.578, Ирак – 22.466, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.311, Конго – 514, Либан – 434, Алжир – 452, Нигерија – 275, додека останатите се во помал број.
Во петокот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Во изминатите речиси пет месеци, од започнувањето на издавањето на потврдите до петокот до Одделението за азил се поднесени само 70 барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.
Азил во Македонија побарале 51 државјанин на Сирија, од кои 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан, од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

