Општество
Резултати од мерењата на загаденоста на воздухот се очекуваат во април
Во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот” Министерството за ѓивотна средина почна со подготовката на Планот за квалитет на воздух за Скопје и со подготвката на краткорочните акциони планови за Скопје и Тетово, а резултати се очекуваат во април.
Како што рече министерот Нурхан Изаири, на годишното претставување на постигнатото на министерството, во доменот на следењето на квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина континуирано врши одржување на Државниот мониторинг систем, а преку веб порталот граѓаните постојано се информирани за состојбата со воздухот. „Дополнително во рамките на твининг проектот ќе се изработи и Планот за квалитет на воздух во Тетово. Со истиот проект се започнати и индикативни мерења на тешки метали во Тетово и во Скопје со што ќе можеме да ги утврдиме изворите на загадување на воздухот. Резултатите од овие мерење се очекуваат кон крајот на април“, рече Изаири.Според него, минтата година една од областите на делување била и заштитата на водните ресурси, односно изградба на системи за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води.„Министерството реализира повеќе проекти, со средства обезбедени од буџетот, донаторски средства и средства обезбедени преку ИПА програмата. Во оваа прилика не би ги набројувал проектите. Но, би напоменал дека тие се повеќе од 40-ина и со вредност од окoлу 30 милиони евра“, рече Изаири Смета дека посебно важно е дека во 2015 година успеале да искористат добар дел од достапните европски фондови за предпристапната помош, па така во текот на 2015 година, во рамките на ИПА компонента завршени се седум проекти, во фаза на имплементација се единаесет проекти, за два проекти евауацијата е завршена и треба да започнат во јануари 2016 година, а два проекти треба да започнат во март 2016 година. „Исто така, Министерството распределува и средствата остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски додатоци за 2014, а реализирани во 2015 год. за опшините Новаци, Битола, Могила, Кичево и Гази Баба во вредност од 30 милиони денари“, рече Изаири.Напомена дека во текот на 2015 година, во име на Владата, потпишани се 15 договори за концесии за изградба на 25 мали хидроелектрични централи.„Што се однесува до управувањето со отпад, во текот на2015г. активно се продолжи со започнатите процеси. Во изминатиов период нашите активности беа насочени кон заокружување на изработката на потребните документи за регионално управување во Источниот и Североисточниот регион, како и започнување на постапката за изработка на потребните документи за уште 4 региони: Вардарскиот, Скопскиот, Пелагонискиот и Југозападниот регион. Сите овие активности се спроведуваат преку 4 проекти во рамките на ИПА програмата за кои се обезбедени средства во вредност од 5 милиони евра“, рече Изаири.Посебно го истакна успехот кој Министерството го постигна во однос на климатски промени, каде е усвоен Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени, кој е поднесен до Секретаријатот на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, со што Република Македонија е првата држава во регионот и 11-та во светот која ја реализира оваа обврска./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

