Контакт

Општество

РСБСП: Немојте да учествувате во сообраќајот ако имате консумирано алкохол!

Објавено пред

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот.

„Единствениот услов за безбеден сообраќај за време на празничните денови е да ги почитувате сообраќајните правила и прописи и условите на патот и да се прилагодувате кон нив. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација“, порачуваат од РСБСП.

„Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот, единствен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не консумирате алкохол бидејќи алкохолот е една од водечките причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со смртни последици“, се вели во апелот. /крај/со/ст

Македонија

Анета Симеска-Димоска назначена за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Објавено пред

На предлог на Комисија за именување, Владата ја именува Анета Симеска-Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија, информираат од прес-службата на Владата.

Од таму појаснуват дека Анета Симеска-Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер на бизнис-администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии.

Има 28-годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Симеска-Димоска доаѓа на местото на Стојко Пауноски, кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

Објавено пред

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23.30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките беше донесен минатиот понеделник како резулатат на новонастанатата  епидемиолошка состојба, односно произлезе од намалениот број новозаразени од коронавирус и ослободувањето и затворањето поголем дел од болничките капацитети за Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ќе организира јавна расправа за законот за дивоградби

Објавено пред

Владата ја отвори дебатата за утврдување насоки во врска со предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, кој е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на законот, одлуката, како што информираат владините служби, е донесена на 71. владина седница.

Од таму додаваат дека во широката и темелна дебата било истакнато дека во согласност со законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на парламентот и на државата за да се дојде до најдобро законско решение.

„Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите што се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите што се за лично домување и оние што се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните“, се посочува во владиното соопштение.

Шефот на државата, Стево Пендаровски, одговарајќи денеска на новинарско прашање, рече дека законот не е добар, но дека тој ќе го потпише указот доколку Собранието повторно го изгласа законот за дивоградбите со потребното мнозинство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Премиерот Зоран Заев допатува во Брисел, каде што вечерва, по покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за...

Македонија5 часа

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо...

Свет6 часа

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет9 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија9 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија12 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија12 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија15 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет15 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија15 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет16 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет16 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет16 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет16 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Досие