Општество
Саемот за стипендии побуди голем интерес кај граѓаните
Повеќе од петстотини граѓани во сабота го посетија единствениот саем за стипендии, кој по петти пат се одржа во НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, во организација на Образовно едукативниот центар.
Идните студенти, постдипломци и нивните родители имаа можност да добијат информации за студирање и стипендирање, но и други форми на финансиска помош за студирање на 23 универзитети во странство и земјава. Заинтересираните идни студенти имаа можност лично да поразговараат и да се информираат со претставниците од Универзитетите, што е првиот и најважниот чекор за добивање стипендија.
„Со години наназад, но се надевам и во иднина, ОИЦ Скопје се обидува да овозможи сите овие можности да ги приближи до академската популација во Македонија преку бројни соработки со високообразовните институтции од светот. Оваа манифестација се органзираа со истата таа цел и годинава се организра по петти пат“, изјави Маја Петрушева, претседател на Образовниот информативен центар –Скопје.
Оваа година поддржувач на манифестацијата е Италија, непосредно преку италијанската амбасада во Македонија, односно заменик амбасадорот Филипо Кандела.
„Италијанскиот јазик е четврти во светот по бројот на луѓе што го изучуваат. Тоа е многу важна информација, бидејќи ако го знаете јазикот секој студент е чекор поблизу да студира на престижните Универзитети во Италија“, изјави Кандела и додаде дека македонските студенти се добредојдени на Италијанските Универзитети.
На Стипендии ЕКСПО, своите стипендиски програми ги претставуваа универзитети и образовни институции од Македонија и целиот свет. Годинавa присуствуваа 23 учесници, меѓу кои Алгонквин Колеџ, Канада,Универзитет Виндзор, Канада. Меѓународен Хеленик Универзитет, Грција,Политехнички универзитет Милано, Италија, Универзитет Католика, Италија, Хулт Меѓународна бизнис школа, Лондон, Дубаи, Бостон, СанФранциско, Шангај, СаоПаоло, Њујорк, Истанбул Ајдин Универзитет, Турција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

