Општество
Само општи лекари за вториот оглас за софинансирани специјализации
На вториот оглас за софинансирани специјализации распишан од Министерството за здравство избрани се 74 кандидати, а со нив треба да се зајакне капацитетот на специјалистичко ниво во 17 јавни здравствени установи низ државата.
На вториот оглас за софинансирани специјализации распишан од Министерството за здравство избрани се 74 кандидати, а со нив треба да се зајакне капацитетот на специјалистичко ниво во 17 јавни здравствени установи низ државата.
Вториот оглас за софинансирани специјализации беше наменет само за општи лекари кои не се запишани на специјализација и не се вработени во ЈЗУ, додека првиот за доктори веќе запишани на приватна специјализација и согласно Законот се потпишале договорите за софинансирање.Според министерот за здравство Никола Тодоров, ова е дел од реформата за надминување на недостигот од специјалисти во определени области, како и целокупно унапредување на специјалистичко-консултативната здравствена заштита. Со вториот оглас, појасни, во некои установи се комплетно пополнети местата за софинасирани специјализации кои беа објавени, имајќи предвид дека станува збор за дефицитарни специјалности. На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се пополнети сите 20 објавени места за кофинансирани специјализации од областа на анестезиологија со интензивно лекување.На Клиниката за детски болести се пополнети сите пет места за софинансирана специјализација од областа на педијатрија. Доделени се сите пет кофинансирани специјализации од областа на нуклеарна медицина (2 за ПЕТ Центар и 3 за Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина), рече Тодоров и потенцира дека значителен број софинансирани специјализации се доделени и за: Клиничката болница Штип (10), општите болници во Струмица (7), Прилеп (6), Струга (3), Куманово (3), Кочани (3), Кавадарци (4), Велес (3), Кичево (1), Гостивар (1), Охрид (1), Гевгелија (1) и Клиничка болница Тетово (1).Кандидатите ќе почнат со специјализација од септември, и согласно Законот, ќе засноваат работен однос на определено време со јавната здравствена установа во периодот на спроведување на специјалистичкиот стаж и за тој период ќе примаат плата, а потоа по завршување на специјализацијата, докторите се вработуваат без објавување на оглас во ЈЗУ за која се пријавиле за специјализација.Според Тодоров, оваа мерка овозможува значаен бенефит за установите, како на пример: во Општата болница – Прилеп првпат е доделена специјализација по гастроентерохепатологија, а досега ваква специјалност немало во таа установа, што ќе значи помалку упатувања за една година од Прилеп и Кичево кон други градови, како и сериозно растоварување на установите во други градови, особено скопските болници и клиники.Општата болница во Прилеп ја надополнуваат специјалноста урологија со уште една софинансирана специјализација, во Општата болница во Кочани првпат е доделена специјализација од областа на оториноларингологија, во Општата болница во Гевгелија првпат е доделена специјализација од областа на ортопедија, а во Клиничка болница во Тетово првпат е доделена специјализација по ендокринологија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

