Контакт

Општество

Шарената револуција со нов протест пред СЈО попладне во 18 часот

Објавено пред

Демонстрантите од Шарената револуција, за денеска, петок, во 18 часот, најавија нов протестен марш, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје, откако од средата почнаа со герила-акции, па блокираа крстосници во главниот град.

„Нов крик во петок во 18 часот пред СЈО! Нема правда нема мир! Граѓанки и граѓани, ве повикуваме да се собереме на масовен протест во петок, 10 јуни во 18:00 часот пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство, да им кажеме на властите дека одбројуваме и дека нашите барања се бескомпромисни“, се вели во повикот од Шарената револуција на фејсбук.Потсетуваат дека поминаа три дена откако (Претседателот Ѓорге) Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако тие прецизно ги испорачале нивните црвени линии и рокови.„Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена. Повторно ќе бидеме на улица, повторно ќе протестираме! Да им кажеме дека одбројуваме до 18 јуни. Да им кажеме дека мора да бидат ослободени сите приведени демонстранти и да бидат повлечени сите пријави од МВР кон нашите соброки и соборци“, велат од Шарената револуција.Покрај двете барања за кои испорачаа рок до 18 јуни и за кои одбројуваат, потсетуваат и на останатите нивни барања.Оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на (Рајнхарт)  Прибе и ќе создаде услови за фер избори; Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јуриздикција на СЈО.Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата.Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија;Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија./крај/мф/бб

Македонија

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Објавено пред

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донела едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да ѝ предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

„Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена“, посочи Ангелов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Објавено пред

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад.

Ова на социјалните мрежи го објави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој образложи дека ваквата одлука била донесена поради високите температури, поради кои, како што нагласи, се загрозува животот на екипажот.

„Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура“, објави Ангелов.

Тој додаде дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

„Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!“, напиша директорот на ЦУК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Објавено пред

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

„Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и mпрофесионалност нема да останат заборавени“, порача на социјалните мрежи вицепремиерот, Љупчо Николовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на...

Македонија8 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија9 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија10 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија10 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија12 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија14 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ17 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион19 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа19 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија19 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија19 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион19 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет20 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие