Контакт

Општество

Се воведува креирање и управување со електронска листа на чекање за хируршки интервенции во ЈЗУ

Објавено пред

Со цел да се воведе електронска евиденција за хируршки интервенции, во системот Мој Термин од јули оваа година е воведен нов начин во упатувањето за хируршка интервенција, информираше во вторникот Жаклина Чагороска, член на тимот во Националниот систем за интервенции МојТермин.
 

dobivaj vesti na viber

Со цел да се воведе електронска евиденција за хируршки интервенции, во системот Мој Термин од јули оваа година е воведен нов начин во упатувањето за хируршка интервенција, информираше во вторникот Жаклина Чагороска, член на тимот во Националниот систем за интервенции МојТермин.

 

„Денеска сме тука со цел да информираме за новината која е воведена во Мој Термин, а се однесува на креирање и управување со електронска листа на чекање за хируршки интервенции во ЈЗУ“, рече Чагороска.

Појасни дека со оваа новина при преглед кај лекарот хирург, доколку е утврдена потреба од хируршка интервенција, се издава упат во кој се наведува типот на операција која треба да биде извршена.

„Со креирање на ваков упат, пациентот автоматски влегува во листа за чекање за таа интервенција. Со тоа во системот ќе се забележат следните податоци: Датум на издавање на упатот/датум на утврдена потреба од хируршка интервенција; Податоци за пациентот; Податоци за типот на хируршка интервенција“, рече претставничката на Националниот систем за интервенции МојТермин.

Во системот Мој термин, како што рече Чагороска, веќе се креирани околу три илјади вакви упати, одредени установи, започнувајќи од јули, на овој начин веќе ги креираат упатите за операција. Според тие податоци ЈЗУ УК за Пластична и реконструктивна хирургија има 866, ЈЗУ УК за Очни болести – 678, Градска општа болница 8-ми Септември -219 и ЈЗУ УК за Детска хирургија – 213 упати.

„Тоа што го сметаме за една од предностите на системот е дека доколку пациентот веќе се наоѓа на листа за чекање во одредена установа за одредена хируршка интервенција, за него не може да се издаде нов упат сé додека не се избрише стариот, односно пациентот може да биде само на една листа за чекање за одредена хируршка интервенција“, појасни Чагорска.

Во вториот чекор процесот продолжува со дефинирање на терминот за операција. Согласно член 39-а од Законот за здравствена заштита според кој „Здравствениот работник кој врши хируршки интервенции во здравствените установи … самиот го определува терминот за хируршката интервенција во договор со пациентот“.

Според условите во секоја установа, како што толкуваше, се креира планот за оперативна програма. Во зависност од патологијата која ја работат клиниките, овој план се креира за различен период, некаде за една недела однапред, некаде постои можност да се креира за еден месец, а можно е да се креира и за еден до два дена однапред (таму каде што се работи со ургентна патологија), дополни Чагороска.

Додаде дека принципот кој се применува во системот е „прв дојден – прв услужен“. За секое „прескокнување на ред“ лекарот задолжително пополнува образец во кој ја наведува причината, и истиот го потврдува со својот потпис и факсимил. Оваа причина се внесува и во електронскиот систем.

Системот нуди можности за сите активности кои се предвидени при креирање на плановите за оперативна програма. Така, доколку се јави потреба некој пациент да биде „избришан“ од листата на чекање, тоа може да се направи во системот, но притоа задолжително од страна на операторот треба да се наведе причината зошто пациентот ќе биде избришан. Сево ова ќе треба да биде потврдено и во образец потпишан од страна на лекарот.

Исто така, пациентите задолжително ќе бидат контактирани по телефон, на телефонскиот број кој го оставиле при прегледот кај лекарот и кој се наоѓа на упатот кој им е издаден. Откако пациентот ќе влезе во оперативната програма, доколку се појави потреба, тој може да биде и вратен во листата на чекање, односно терминот за операција да биде поместен. Ова може да се случи од неколку причини, но, обврска на установата е да ја заврши предвидената операција во најбрз можен рок.

Чагороска информираше дека изминатите неколку денови била извршена обука на вработените во установите кои вршат хируршки интервенции, за користење на оваа новина во системот Мој Термин.

Дополнително, до овие установи се испратени насоки по кои треба веднаш да се постапи. Така, на пример, за секоја хируршка интервенција која ќе биде извршена во установата задолжително треба да биде креиран електронски упат со користење на опцијата за креирање на Болнички упат- операција. Упатот се креира при специјалистички преглед кај докторот, во моментот кога е утврдена потребата од хируршка интервенција. (Исклучок се ургентните операции, за кои административниот дел се завршува подоцна)

Натаму, сите пациенти кои чекаат да бидат повикани за одредена хируршка интервенција, а кои се внесени во некој список (хартиен или електронски), да бидат задолжително внесени во електронските листи на хируршки интервенции преку креирање на електронски упат за операција. Доколку е потребно, а посебно во случаи кога се работи за списоци на пациенти кои чекаат подолг период (повеќе од 1 (еден) месец), пациентите да бидат задолжително контактирани по телефон и повикани на преглед кај докторот кој треба да ја изврши интервенцијата. Целта на овој преглед е да се потврди или отфрли потребата од хируршка интервенција. Доколку е потврдена потребата од хируршка интервенција, да се креира болнички упат за операција, со што пациентот ќе биде внесен во листата на чекање за соодветната интервенција. Ова се однесува и на пациентите кои имале закажано хируршка интервенција од страна на доктори кои повеќе не се во работен однос во установата. За овие пациенти да се направи соодветно прераспределување кај други доктори.

Исто така, треба да се започне веднаш со примена на електронските листи за хируршки интервенции, односно со креирање на распоред за оперативна програма.

При креирање на листите и распоредот за оперативна програма задолжително од страна на докторите да се применуваат обрасците кои се во прилог (Откажување на упат за хируршка интервенција и Прескокнување на редослед за хируршка интервенција). Имено, за секоја промена од овој тип, докторот задолжително со својот потпис и факсимил на приложените обрасци ја потврдува причината за промена, за секој пациент поединечно.

За контрола на креирање и управување со листите на закажани интервенции е надлежен Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Инспекторите ќе имаат увид во електронските листи, согласно нивните надлежности, и на терен ќе вршат контрола на правилната примена на системот./крај/мф/сд

Извор: Макфакс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија4 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ5 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија7 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија8 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ8 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија9 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет10 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија10 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија10 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион11 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет11 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет12 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет13 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа13 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија23 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...