Општество
Шпаркасе банка Македонија и Винер осигурување со донаторска акција во СОС Детско село
Шпаркасе Банка Македонија во рамките на својата стратегија и активностите што се дел од платформата Sparkasse Life, веќе четврта година по ред ја реализира својата поддршка за децата од СОС Детско село. Оваа година, во пресрет на 15-годишниот јубилеј на СОС Детско село, решивме повторно да ги поддржиме нашите мали пријатели.
Годинава, главниот акцент во СОС Детското село е подобрувањето на животните услови на децата, реновирање на семејните куќи, промена на прозорци, фасади и слични активности, кои се од голема важност за подобрување на квалитетот на животот на овие деца. Шпаркасе Банка Македонија заедно со Винер Осигурување ја обезбедија потребната финансиска поддршка за бојадисување на внатрешните ѕидови на 11 семејни куќи, со што се овозможи освежување, дезинфекција и разубавување на животниот простор на децата.
„Со цел да помогнеме и да ја искажеме нашата искрена грижа и поддршка за децата без родители и родителска грижа, вработените во Шпаркасе Банка Македонија и во Винер Осигурување учествуваа во заедничката работна акција за децата од СОС Детско село. Вработените од овие две компании, заедно со децата, ги бојадисаа оградите и детскиот забавен парк, го уредија дворот со садници, имаа заеднички појадок и многу дружење“ – изјави Тодорка Сајкова, директор на службата маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија.
Александра Ивановски, в.д. директор на програми во СОС Детско село Скопје, пак рече дека „Ние, во СОС Детско село Македонија го прославуваме 15-годишниот јубилеј. Сите овие години сме посветени на работата со децата, се обидуваме да им подариме топол дом и грижа. Благодарни сме на нашите пријатели, кои заедно со нас помагаат во остварувањето на нашата визија дека секое дете му припаѓа на семејството, дека треба да расте во љубов, со почит и со чувство на сигурност. Градиме семејства за деца во ризик, им помагаме да ја оформат сопствената иднина и учествуваме во развојот на нивните заедници. Пријателите од Шпаркасе Банка ја согледаа оваа потреба и благодарни сме им за тоа што заеднички ќе го разубавиме просторот во кој растат децата од СОС Детско село Македонија“.
Шпаркасе Банка Македонија во континуитет ја продолжува и ја развива својата стратегија за општествена одговорност преку реализација на бројни проекти, кои се наменети за поддршка на социјално ранливи категории на лица, децата без родители и родителска грижа, болните од ретки и тешки заболувања, како и развојот на спортот и културата во државата. Соработката со СОС Детско село се гради веќе неколку години низ реализација на проекти што ја покажуваат вистинската грижа кон оваа категорија на лица, чија цел е да им се овозможат нормални услови за живот и насочување на развојот на децата во склоп со заедницата на која ѝ припаѓаат./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

