Општество
Спасов: Зголемување на интересот за згрижување деца
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во недела го посети домот на Есма Реџепова која со своето хуманитарно здружение е дел од заедничкиот проект „На секое дете му е потребно семејство“.
Министерот Спасов честитајќи и на Есма за успешната работа, потенцира дека таа е вистински пример за згрижувачко семејство.
“Есма Реџепова досега има згрижено 48 деца, што е показател за нејзината хуманост и добродетелност” истакна Спасов, заблагодарувајќи се на целиот тим на здружението на Есма за несебичното залагање во проектот на Министерството за труд и социјална политика.
Кампањата ја водиме, рече министерот Спасов, за да им се помогне на дечиња без родителска грижа, да бидат згрижени во семејство затоа што, рече, згрижувачкото семејство е најблиската форма со биолошкото семејство и е најефикасниот начин да се доведе едно дете на здрав пат.
“Интересот за згрижување на дете се зголемува. Ние заедно со нашите институции им обезбедуваме соодветна обука и сертификација, но исто и паричен надоместок во зависност од категориите кој се движи од 6.500 денари до 8.000 денари месечно” појасни Спасов.
Проектот за сместување во згрижувачко семејство претставува форма на заштита која овозможува грижа за лице кое има потреба да биде во вашиот дом, заедно со вашето семејство.
Семејствата кои сакаат да бидат згрижувачи можат да се информираат на веб страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk, на мејл адресата [email protected] и на бесплатниот телефонски број 15 505. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

