Општество
Средношколци од училиштето „Нова“ победници на квиз на Централна и Источна Европа

Интернационалниот натпревар CEESA Knowledge Bowl кој наједноставно може да се опише како голем ученички квиз се одржа во меѓународното училиште „Нова“, а два тима од оваа образовна институција ги освоија првото и второ место.
Концептот зад овој турнир е учесниците да одговараат на случајно избрани прашања од теми од различни полиња како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн.
На дводневниот натпреварот учествуваа три тима од „Нова“ кои си ги измерија знаењата со ученици од Софија, Белград, Љубљана, Загреб и Краков. Две екипи предводени од средношколците Петар Пешев и Арт Саити се најдоа на првата и на втората позиција додека третиот НОВА тим чиј капитен беше Емилијан Чузмичи се пласираше на високото четврто место.
„Презадоволни сме од успехот кој го постигнаа нашите ученици кој воедно е и мотивација за сите следни тимови кои се ќе појават на CEESA Knowledge Bowl. Овој натпревар е на исклучително високо ниво и се оценува севкупното знаење на еден тим од сосема различни области. Во многу силна конкуренција, нашите екипи ги освоија првите места и се надеваме дека ќе продолжиме во таа насока и во иднина“, велат од „Нова“.
CEESA Knowledge Bowl е годишен турнир кој се одржува во различни градови, а во него земаат учество образовни институции од Централна и Источна Европа. За да се победи на овој натпревар потребно е да се има енциклопедиско знаење како и брзина со оглед дека поставеното прашање го одговара оној што прв ќе го стисне тастерот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов обид да ѝ се суди на кумановката Филиповиќ која го прегази дедото во Скопје

Нов обид да започне судењето за од сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ каде загина 76-годшниот Слободан Ангеловски, ќе има денеска во Кривичниот суд. Откако првото рочиште се одложи, по половина месец, на обвинителна клупа повторно седнува возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“. Таа е и мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години загина во сообраќајна несреќа.
Овој предмет го суди судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која претходно донесе осудителни пресуди за убиството на Денис Тот.
Претходното рочиште за сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ која се случи пред девет месеци се одложи бидејќи адвокатот на обвинетата Филиповиќ беше на друго, поважно судење. До Кривичниот суд е доставено и сообраќајно вештачење од Филиповиќ, кое треба да послужи како нејзина одбрана во процесот.
На денешното рочиште ќе се одреди динамиката на судењата и ќе се закажат нови расправи.
Македонија
МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и 9 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
„ Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ велат од МВР.
Македонија
Дојави за бомби во 33 основни училишта во Скопје

Денеска, околу 12.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.