Контакт

Општество

„Стави точка“: Камениот мост засвети во портокалово во поддршка на кампањата против насилството врз жените

Објавено пред

Делегацијата на Европскаа унија и семејството на Обединетите нации, заедно со националните партнери, ги здружуваат силите во поддршка на 16–те дена активизам против родовото насилство, меѓународна кампања која има цел да ја подигне на свеста за овој социјален феномен преку организирање низа активности коишто ќе придонесат за „Ставање точка“ на насилството врз жените и девојките ширум светот.
 

dobivaj vesti na viber

Делегацијата на Европскаа унија и семејството на Обединетите нации, заедно со националните партнери, ги здружуваат силите во поддршка на 16–те дена активизам против родовото насилство, меѓународна кампања која има цел да ја подигне на свеста за овој социјален феномен преку организирање низа активности коишто ќе придонесат за „Ставање точка“ на насилството врз жените и девојките ширум светот.

 

Глобалната кампања се спроведува секоја година во текот на 16 дена, од 25-ти ноември, односно Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и 10-ти декември – Меѓународниот ден на човековите права. Под мотото „Обојте го светот во портокалово: Ставете точка на насилството врз жените и девојките“, препознатливи национални обележја низ целиот светот, историскиот Камен мост во Скопје, живописните Нијагарини водопади во Америка, древната Петра во Јордан и колепката на ЕУ во Брисел, ќе засјаат во портокалово и ќе ја пратат универзалната порака за свет без насилство.

Во рамките на кампањата, во нашата земја ќе се организираат серија на настани, вклучувајќи формирањето на „портокалова панделка“ од луѓе низ целата држава, дебати за млади, како и анимирање на различни чинители вклучени во процесот. „Насилството врз жените е истовремено и најшироко распространетата и најмалку препознаената повреда на човековите права во светот. Токму затоа, борбата против него претставува прашање од највисок приоритет за Обединетите нации.“ – потенцира Луиза Винтон, постојаниот координатор на ОН.

„Родовото насилство претставува брутален облик на дискриминација и кршење на основните права,“ изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав. „Тоа е истовремено и причина за и последица на нееднаквоста меѓу мажите и жените.“

Статистичките податоци покажуваат дека една од три жени во Европа доживува родово насилство во текот на својот живот. Резултатите од последното истражување на ЕУ на 42.000 жени од сите 28 земји-членки јасно покажуваат дека седум проценти од сите жени биле предмет на физичко насилство во текот на една година. На ниво на ЕУ тоа значи 62 милиони жени – жртви во текот на животот и 13 милиони жени – жртви во текот на само една година.

Студијата за судските предмети, поддржана од Организацијата за жени на ОН, покажува дека во нашата земја 93% од сторителите се мажи, а 82% од жртвите се жени. Во само 4% од предметите, мажите се жртви на насилство извршено од страна на жените.

Донесувањето на новото законодавство во државата посветено на борбата против семејното насилство значи исчекор за земјата, но потребни се натамошни напори за спречување на злоупотребата, заштита на жртвите и казнување на сторителите. Европската Уунија и агенциите на ОН во земјата се посветени на обезбедување поддршка за напорите на сите чинители – за преточување на правните гаранции во суштински промени на начинот на кој што полицијата, обвинителите, здравствените и социјалните работници ги извршуваат своите должности. Ратификацијата на „Истанбулската конвенција“ на Советот на Европа ќе претставува одраз на натамошниот напредок.

Во согласност со конвенциите на ОН за родова еднаквост, агенциите на ОН во земјата, заедно со Владата и невладиниот сектор, работат во правец на обезбедување поддршка за донесување политики и практики поврзани со борбата против родовото насилство. Организацијата за жени на ОН и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) поддржуваат бројни истражувања, експертиза, обуки и советувања што треба да го унапредат процесот на делување. Истовремено, родовата еднаквост и елиминирањето на родовото насилство, исто така, се во сржта на новите Цели за одржлив развој што беа усвоени од сите земји-членки на ОН во септември 2015 година.

Европската Унија работи на ова поле преку законодавни и практични мерки во однос на правата на жртвите. Унијата финансира и поддржува активности за подигнување на свеста за борбата против родовото насилство и го овозможува развојот на заеднички решенија меѓу ЕУ и европските земји преку размена на добрите практики. ЕУ спроведува широки и сеопфатни активности за собирање на податоци и анализа на зачестеноста на родовото насилство во цела Европа; Европскиот институт за родова еднаквост беше основан за да им обезбеди поддршка на земјите-членки и на ЕУ во оваа смисла. Европската комисија неодамна објави нова Рамка за родова еднаквост и зајакнување на положбата на жените што се заснова врз научените лекции од Родовиот акциски план 2010-2015 г. за посилна структура за следење и отчетност што става посебен акцент на борбата против насилството врз жените и девојките. Во земјата, нов твининг проект за родова еднаквост финансиран од ЕУ се спроведува заедно со Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување на родовата еднаквост во низа различни сектори – од носењето одлуки до руралниот развој и борбата против семејното насилство – и во соработка со клучните партнери и претставниците на женските движења од граѓанското општество. /крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија13 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија13 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија14 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија15 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија16 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија17 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет17 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија18 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет19 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет20 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион20 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет20 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа20 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет20 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија2 дена

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....