Контакт

Општество

Студенти по индустриско инженерство и менаџмент на прием кај претседателот Иванов

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петокот оствари средба со членовите на Европското здружение на студенти по индустриско инженерство и менаџмент – ЕСТИЕМ, кои се во посета на земјата по повод нивното учество на меѓународниот семинар, чиј домаќин е Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата на која присуствуваа и македонски студенти, членови на ЕСТИМЕ, Иванов беше запознаен со целите на ова здружение, за нивните досега реализирани активности и натамошни планови.

Македонскиот претседател им посака успех на студентите во нивните идни активности и изрази задоволство од можноста да се сретне со успешни млади луѓе кои се дел од академската елита на повеќе држави ширум светот. Претседателот нагласи дека го радува фактот што студентите отворено зборуваат за сите предизвиците, што укажува на нивната подготвеност да придонесат кон унапредување на своите општества. Воедно истакна дека мора да се вложува во младите луѓе, бидејќи тие го предводат техничкиот и технолошкиот напредок во секоја земја.

Студентите изразија задоволство од престојот во Македонија и благодарност за поддршката од страна на Иванов.

На средбата со претседателот студентите воедно пројавија интерес за повеќе теми од областа на науката, образованието и македонската историја, карактеристиките на македонското општество, како и за македонскиот модел на меѓуетнички соживот.

Целта на меѓународниот семинар на кој учествуваат студенти од над 30 држави од  Европа и светот е промовирање на македонскиот идентитет и култура. Земјата ќе биде преставена низ призма на актуелната политичка ситуација, економската состојба со која таа се соочува и учесниците ќе бидат запознаени со импресивната историја и културни богатства кои Македонија ги поседува, посочија македонските студенти, членови на ЕСТИЕМ кои се домаќини на настанот. Студентите од повеќе земји од светот ќе се запознаат и со положбата на Македонија во Европа, како и со напредокот на земјата во однос на европските и евроатланските интеграции.

Главната цел на ЕСТИЕМ, е да ја зголеми комуникацијата и соработката помеѓу студентите по индустриско инженерство и менаџмент во Eвропа./крај/мф/бс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија2 часа

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија3 часа

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија4 часа

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија4 часа

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија4 часа

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...

Регион7 часа

Во Грција поплавени патиштата поради бурата, а училиштата во делови од земјата затворени

Бурата „Бајрон“, која ја погоди Грција, предизвика затворање на многу училишта, поплавени патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт. Рано утрово,...

Европа7 часа

(Видео) Украина погоди руско пристаниште и рафинерија за нафта во напади со дронови

Украинските беспилотни летала извршија напади врз клучни руски енергетски објекти синоќа, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и...

Европа7 часа

Маж во Австрија ја оставил девојката на планина, таа замрзнала до смрт: обвинет за убиство

Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да замрзне до смрт...

Свет7 часа

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете добро со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет7 часа

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет8 часа

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...

Свет8 часа

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа8 часа

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа8 часа

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет21 час

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија23 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија1 ден

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија1 ден

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија1 ден

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...