Контакт

Општество

Субвенции за поддршка на научно – истражувачката и творечката дејност

Објавено пред

Министерството за образование и наука објави два конкурса за доделување на еднократни финансиски средства, со коишто продолжува да ја поддржува научно – истражувачката и творечката дејност на научно истражувачкиот и наставен кадар од високообразовните и научните установи во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Првиот конкурс се однесува на доделување на таканаречени “научни субвенции“, односно еднократни финансиски средства во висина од 30.000 денари за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијание.

 

“Овој конкурс се објавува веќе четврта година по ред и предвидува  доделување на еднократни средства за најмногу 300 научно-истражувачки трудови објавени во 2014 година, поделени во 6 области и тоа: природно-математички науки, техничко-технолошки, медицински науки и здравство, биотехнички, општествени и хуманистички науки“, рече министерот Адеми на прес конференција во недела.

 

Вториот конкурс се однесува на доделување таканаречени “творечки субвенции“, односно еднократни финансиски средства во висина од 30.000 денари, за творечките дејности реализирани во 2013 година од страна на наставници и соработници на високообразовни и научни установи од научните области на ликовната уметност и архитектурата, драмската уметност, музичката уметност, филм и книжевност.

 

Како што истакна Адеми, субвенциите чиишто број не е ограничен, се однесуваат на три типа на творечки дејности: учество или настап на фестивал кој е член на Европската асоцијација на фестивали (European Festivals Association); учество на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, како национален претставник, или учество или настап на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, каде изборот на учесниците се објавува по пат на конкурс, аудиција или селекција.

 

Министерот Адеми потенцираше дека сите подетални информации за начинот, условите и потребната документација за пријавување, заинтересираните може да ги најдат во конкурсите кои се објавени во печатените медиуми и на интернет страницата на министерството.

 

Крајниот рок за аплицирање за творечките субвенции е 31.10.2014 година, додека за научните субвенции може да се аплицира до 31.7.2015 година. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија2 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија4 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија5 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија6 часа

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија6 часа

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија6 часа

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија7 часа

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија8 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија8 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија8 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија8 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа9 часа

(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа9 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа9 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...

Европа10 часа

(Видео) 12 дрона соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект

Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови,...

Свет10 часа

(Видео) Експлозија во дом за стари лица кај Филаделфија: најмалку двајца мртви, се стравува дека има повеќе

Две експлозии и пожар, очигледно предизвикан од истекување на гас, го зафатија домот за стари лица во близина на Филаделфија,...

Македонија1 ден

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...