Општество
ТИ-М ќе го истражува системот на националниот интегритет во Македонија
„Зајакнување на системот за национален интегритет и следење на развојот во анти-корупциските напори“ е новиот проект на Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИМ) кој денеска беше официјално претставен во Скопје во Делегацијата на Европската Унија(ЕУД).
Проектот е регионален и ќе го водат националните ограноци на Транспаренси Интернешнл во Западен Балкан и Турција, во соработка со централата на ТИ во Берлин, а е поддржан од Европската Унија. Тој има за цел да го процени интегритетот на институциите и други чинители во 15 области, по што ќе следат препораки за подобрување на состојбите во секоја област одделно.
Претседателката на ТИ-М Слаѓана Тасева, презентирајќи го проектот, истакна дека тој треба да ги открие и силните и слабите точки во целиот систем, по што извештајот со препораки треба да има употребна вредност.
„Резултатите од извештајот можат да се користат како алатка за следење и мерење на напредокот во текот на времето, за потоа да се споредат перформансите низ институциите и да се идентификуваат добрите и лошите практики“, истакна Тасева
Поздравно обраќање имаше амбасадорот на ЕУ во Македонија и шеф на ЕУД, Аиво Орав, кој изрази задоволство што се спроведува ваков проект.
„Во изминатите неколку години ние започнавме значителен број на регионални и локални ЕУ проекти со фокус на анти-корупцијата…Тоа значи само едно – дека корупцијата останува сериозен проблем за вашата земја и за регионот, а ЕУ ви пружа рака за помош со цел да се реши проблемот“, потенцираше амбасадорот Орав.
Тој додаде дека истражувачката методологија на Транспаренси Интернешнл е веќе успешно проверена во ЕУ, како и тоа дека слични истражувачки методи беа спроведени пред неколку години со цел да се евалуираат системите за национален интегритети на земјите членки.
Со проектот на ТИ, ТИМ ќе ги истражува капацитетите и функционирањето на чинителите во следните сфери во општеството: Законодавната власт, Извршната власт, Судство, Јавно Обвинителство, Јавниот сектор, Органи за спроведување на законот, Државната изборна комисија, Народниот правобранител Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Политичките партии, Медиуми, Граѓанското општество, Приватниот сектор и претпријатија во сопственост на државата.
При проценката се истражува законодавната рамка на секоја институција, како и актуелната институционалната практика, потенцирајќи разлики помеѓу формалните одредби и реалноста на терен. Проектот ќе трае три години. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

