Општество
Уапсени членови на Левица, се бара нивно ослободување
Членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески, е повикан на информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода, по што е приведен и ќе биде одведен пред Јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување мерка притвор, соопштија од Левица.
Членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески, е повикан на информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода, по што е приведен и ќе биде одведен пред Јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување мерка притвор, соопштија од Левица.
Неофицијално, како што појаснија на прес-конференција пред Кривичниот суд во Скопје, уште за уште четворица нивни членови на највисоките раководни партиски органи има стигнато покани за информативни разговори, на кои им препорачаа да не се одзиваат, затоа што постоело опасност да бидат уапсени. Настаните за кои тие се товарат се поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и ткн Шарена револуција, кои почнаа по аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, иако и тоа според нивни информации е неофицијално.„За нас, ова е очајнички обид на криминалната власт да се пресмета со нашата Партија. Ова е отворен политички прогон“, рекоа од Левица, како што најавил и претседателот Иванов, а и некои учесници во протестите на ГДОМ, дека ќе се бара укинување на политички партии и граѓански здруженија.Повикаа до министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, да извршат евиденција на овие кривични пријави, но да не ги процесуираат.„До Јавното обвинителство пораката е да не бара притвор за овие лица, а до конкретниот судија каде што ќе се падне овој предмет, по ниту еден услов да не определува мерка притвор, туку да остави правдата да тече онака како што е предвидено без никакви суптилни протисоци“, рече Димитар Абасиев од Левица.И Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, побара да се ослободи активистот Здравко Савески.„Обидите преку заплашување со најава за притвор на учесници во протестите, дополнително ќе ги заострат состојбите и тие можат дa ескалираат со посериозни нарушувања на јавниот ред. ДС повикува судовите да не прифаќаат никакви политички притисоци и да одлучуваат согласно законите. ДС бара ослободување на Здравко Савевски“, се вели во партиското соопштение./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

