Општество
УСАИД започнува проект за јакнење на граѓанското општество и зголемување на вклученоста на младите во Македонија
Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) во петокот го започна Проектот за граѓанско учество (CEP), петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и младинските организациикои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции и засегнатите страни за прашања од јавен интерес.
Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе им помогне да го промовираат дијалогот; ќе организира едногодишна LEAD (Водство, Учество, Акција, Развој) програма која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници. Исто така, LEAD ќе им овозможи на младите мажи и жени учество во јавниот живот и процесот на донесување одлуки за прашања кои влијаат на нивниот живот, заедниците и воопшто на македонското општество.
Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, истакна дека: “Преку Проектот за граѓанско учество младите и граѓанските организации ќе се здобијат со знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и приватниот сектор во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници. ” Тој исто така истакна дека: “Целтта на УСАИД е зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу граѓаните и оние на кои тие им служат, како и поддршка на Граѓанските организации ефикасно да се вклучат со јавните институции и засегнатите страни.”
Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество- Македонија (ФООМ), и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Ист Вест Менаџмент Институте независна непрофитна организација која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

