Контакт

Општество

Уште 22.436 слободни места во средните училишта

Објавено пред

По првото пријавување од првиот уписен рок кое се спроведе на 23. и 24. јуни во средните училишта останале уште 22.436 слободни места, соопшти во петок на прес-конференција министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. 

dobivaj vesti na viber

 

Според резултатите кои беа објавени на 25. јуни, 12.551 полуматурант се запишале во некое од средните училишта во Република Македонија. Од нив 9.547 ученици настава ќе следат на македонски наставен јазик, 2.761 на албански наставен јазик, 143 ученици ќе учат на турски наставен јазик. Според видот на образованието, 5.603 ученици се запишаа во гимназиско образование, 6.792 ученици во стручно образование и 156 ученици во Спортска академија.

 

Адеми информираше и за бројот на слободни места кои останаа во училиштата.

 

„Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, кое ќе се реализира на 30 јуни и на 1 јули, а резултатите ќе бидат објавени на 3 јули, има за вкупно 22.436 ученици, од кои 15.001 слободно место за настава на македонски наставен јазик, 6.618 за настава на албански наставен јазик, 775 за настава на турски наставен јазик, 34 за настава на српски наставен јазик и 8 слободни места за повторувачи. Додека, според видот на образованието, има вкупно 5.756 слободни места во гимназиско образование, 16.632 слободни места во стручно образование и 48 слободни места во Спортска академија. Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување, не е пресметан бројот на учениците од средните музички училишта и средното училиште за применета уметност, бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити за прием“, рече Адеми.

 

Вториот уписен рок е на 21 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 22 август. Во училиштата во кои и по вториот уписен рок ќе има слободни места, ќе можат да запишуваат ученици до 29 август.

 

Според Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2014/2015 година понуди вкупно 35.185 слободни места, од кои 23.384 за средно стручно образование, 11.189 за гимназиско, 408 за уметничко и 204 места за Спортската академија во Скопје заедно со дисперзираните паралелки во седум други општини.

 

„Дополнително на почетокот на оваа недела, беше објавен и Конкурсот за струките, профилите и паралелките за новото средно училиште на Град Скопје во Шуто Оризари и истиот предвиде упис во пет паралелки, по една за здравствена струка, градежно-геодетска струка, угостителско-туристичка струка, економско-правна и трговска струка и лични услуги“, рече Адеми.

 

Министерот апелираше до полуматурантите кои сé уште не се пријавиле за упис, да го сторат тоа во наредниот период, затоа што средното образование е задолжително за сите. Адеми истакна дека при изборот на училиштето, учениците треба да се водат според личните афинитети кон одредена професија, но и да се информираат за дефицитарност на одредени струки на пазарот на трудот со коишто по завршување на средното образование, многу полесно можат да стигнат до соодветен работен ангажман.

крај/мф/сд

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Арсовска во лов на дивоградби: Во Чаир затекнавме работници платени да скријат дупка, оштетени сe булевар, водовод и кабли за струја

Градоначалничката Данела Арсовка им порача на Владата и на МВР да не филозофираат многу и да се фатат за работа...

Култура22 минути

(Видео) Филмскиот фестивал во Кан заврши, Златната палма ја доби ирански филм

Филмот „Тоа беше само несреќа“ (It Was Just an Accident) на иранскиот режисер Џафар Панахи ја освои Златната палма, главната...

Свет36 минути

Израелци на протест побараа од владата да преговара со Хамас и да ги ослободи заложниците

Стотици луѓе синоќа протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници...

Економија45 минути

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД,...

Македонија14 часа

Во Кочани се одржа седмиот марш на ангелите, родителите со порака: „Нашиот молк нема да трае долго“

„Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се на моќ“, „Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Ефективен притвор”, „Секој може...

Македонија17 часа

Да не се делиме пред надворешните фактори – Мицкоски повика на единство

Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, мисијата на Свети...

Топ18 часа

Возач загина на експресниот пат Прилеп-Градско – удрил во ограда, па уште еден камион излетал од патот

Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат...

Топ19 часа

Познат идентитетот на загинатите кај Момин Поток: 47-годишен маж и 32-годишна скојанка го загубија животот во несреќата

Четирисет и седумгодишниот С.И. и неговата 32-годишна сопатничка А.Н. се загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу...

Македонија21 час

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката...

Македонија23 часа

Сослушување на семејствата на загинатите во Кочани, ќе бидат повикани и да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата...

Македонија23 часа

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто...

Македонија24 часа

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува...

Европа1 ден

(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а...

Регион1 ден

(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град....

Топ2 дена

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две...

Македонија2 дена

(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена...

Свет2 дена

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија2 дена

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија2 дена

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија2 дена

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...