Контакт

Општество

Уште еден проект со кој се подобрува животот на повозрасните категории на граѓани

Објавено пред

 Министерите за труд и социјална политика и за транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески, заедно со генералниот директор на Македонски железници, Оливер Деркоски во понеделникот одржаа работна состанок со раководството на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, на кој разговараа за најновите владини мерки, со кои значително ќе се олесни животот на повозрасните лица.

dobivaj vesti na viber

Со оваа владина мерка, како што нагласи министерот Јанакиески се овозможува секој втор календарски викенд во месецот бесплатен превоз со железницата за пензионерите, односно за жени на 62 и мажи над 64-годишна возраст.„Оваа мерка стартува вториот викенд во месец јули, утврдивме начин и постапка како тоа ќе го правиме, уште во текот на утрешниот ден АД ’Транспорт’ во соработка со здружението ќе направат специјален флаер кој ќе биде дистрибуиран до сите здруженија на пензионери на територија на Р.Македонија, се со цел да знаат пензионерите како можат да го искористат овој бесплатен превоз. Сите лица постари од 62, односно 64 години ќе треба на билетарите да достават лична карта и со прикажување на истата ќе добијат билет со кој се осигурани во патничкиот сообраќај во Македонија“, рече Јанакиески.Додаде дека АД „Транспорт“ во соработка со Министерството за транспорт и врски веќе склучиле договор за набавка на нови сет вагони, кои ќе пристигнат во јули идната година, со што транспортот ќе биде уште побезбеден и поудобен како за пензионерите така и за останатите граѓани.Со овој проект, како што нагласи министерот Спасов, дополнително се подобруваат условите за живот на пензионерите и старите лица во државата.„Со проектот Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај на пензионерите и за граѓаните на Македонија коишто имаат над 62 год за жени и над 64 години за мажи дополнително се подобруваат  уловите за живот на пензионерите и старите лица во нашата земја. Овој проект беше дел од нашата Програма со рок за реализација за  наредната 2015 година, меѓутоа ние како Влада изнајдовме начин заедно со директорот на Македонски железници како да го реализираме што е можно побрзо, со тоа што овој проект започнува со реализиција од веќе од месец јули со проектот е опфатен еден викенд, вториот викенд од месецот,  петок, сабота и недела, при што сите оние кои што спаѓаат во оваа страосна категорија ќе имаат бесплатен железнички превоз. Дополнително во насока на подобрување на животот на пензионерите и одлуката на Градот Скопје во соработка со Владата, дополнително и недела да биде бесплатна за превоз во градскиот сообраќај во Градот Скопје, дополнително како Министерство за труд и социјална политика продолжуваме кон остварување на проекти кои се насочени кон подобрување на условите за живот на пензионерите во таа смисла веќе во септември-октомври продолжува проектот Бесплатна бањско – климатска рекреација и ќе бидат опфатени уште 1.050 пензионери кои што ќе искористат оваа услуга и  веќе нардената година доплонително уште 5.000 пензионери и во 2015 година ќе започне проектот Бесплатен туристички викенд за пензинотеите во Македонија“, изјави Спасов.Додаде дека е започнат и проект кој нуди низа поволности за потенцијалните инвеститори кои ќе сакаат да се вклучат во отворање на нови старски домови во Македонија.Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски по средбата изрази задоволство од новата мерка и надеж дека, како што рече, успешната соработка со Владата ќе продолжи и во иднина.„ Оваа мерка ќе овозможи поголема мобилност на пензионерите. Сите пезнзионери се задоволни. Тие ќе можат да ги посетуваат своите родни краишта, но и оние кои живеат во другите градови од Македонија да дојдат во Скопје“, истакна Аргировски./крај/мф/сн

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија11 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија13 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија13 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија13 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија14 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет16 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет16 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ1 ден

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ1 ден

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија1 ден

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија2 дена

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија2 дена

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ2 дена

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија2 дена

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...