Контакт

Општество

Утврдени условите за регулирање на статусот на лицата што користат државни станови

Објавено пред

Министерството за транспорт и врски во соработка со АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, ги утврди условите за регулирање на статусот на лицата кои се корисници на станови за лица со ниски приходи,  општествени станови, како и на диво-вселените станови

dobivaj vesti na viber

 

 

По однос на становите изградени по „Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“, како и за лицата кои се диво вселени во становите, предложено е корисниците да се категоризиираат во четири групи и тоа:

 

 

На лицата кои припаѓаат на оваа група, становите ќе им бидат дадени под закуп без плаќање на закупнина сè додека се приматели на социјална или постојана парична помош.

 

 

Станува збор за лица со вкупен приход во семејството максимум 1.5 просечна нето плата (просечна нето плата за месец  јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари). На овие лица ќе им биде овозможено:

 

Право на закуп на становите кои припаѓаат на Република Македонија по следниве цени:

 

–          Ако вкупниот приход на семејството изнесува максимум 2  минимални нето плати (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 25 ден/м2 и

–          Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 минимални нето плати и 1.5 просечна нето плата (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари а просечната нето плата за месец јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 35 ден/м2.

 

На овие лица им се дава и право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката со следниве услови:

 

–          Минимално учество 5% од вкупната вредност на станот;

–          Рок на отплата максимум 30 години и

–          Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.

 

 

 

Станува збор за лица со вкупен приход во семејството помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено:

 

Право на закуп под следниве услови:

–          Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2 просечни нето плати (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 62,00 ден/м2 и

–          Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 просечни нето плати и 2.5 просечна нето плата (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 95,00 ден/м2.

 

Исто така, за овие лице е овозможено право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката и ќе ги содржи следниве услови:

 

–          Минимално учество 20% од вкупната вредност на станот;

–          Рок на отплата максимум 30 години и

–          Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.

 

 

 

Оваа категорија се лица кои имаат вкупен приход во семејството над 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено:

 

Право на закуп на становите по цена од 190 ден/м2, како и право на откуп на становите преку кредит со следниве услови:

 

–          Минимално учество 30% од вкупната вредност на станот;

–          Рок на отплата максимум 30 години и

–          Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.

 

 

Предвидено е рокот за комплетирање на барањата за право на откуп односно закуп за сите четири категории на лица да биде заклучно со 31.03.2015 година.

 

 

Во однос на корисниците на општествени станови, откупот ќе продолжи по досегашната постапка, односно по барањата кои беа пристигнати заклучно со законски предвидениот рок кој беше до 31.12.2010 година.

 

„При спроведување на постапката за продажба на општествените станови  Министерството за транспорт и врски се соочува со голем број на некомплетни барања,  со што се оневозможува решавањето на овие предмети. Со цел решавање на ова прашање, утврден е дополнителен рок за оние кои имаат поднесено некомплетни барања за приватизација на стан во општествена сопственост истите да ги комплетираат до 31.03.2015 година. Оние корисници на општествени станови кои нема да ги комплетираат барањата во предвидениот рок односно нема да ги достават сите потребни документи ќе добијат решение за закуп и ќе можат да ги користат становите исклучиво со плаќање закупнина за својата категорија“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

 

Како што додаваат од ова Министерство, целта на овие активности е конечно решавање на статусот на корисниците на општествените станови во Република Македонија. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија10 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија19 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија19 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија20 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион21 час

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет22 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија22 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа22 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет23 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет23 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет24 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет24 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа24 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет2 дена

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет2 дена

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...