Контакт

Општество

Вељаноски го честита Денот на сесловенските просветители

Објавено пред

 Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во недела упати честитка до македонскиот народ по повод, Денот на сесловенските просветители – „Св. Кирил и Методиј”.
 

dobivaj vesti na viber

 Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во недела упати честитка до македонскиот народ по повод, Денот на сесловенските просветители – „Св. Кирил и Методиј”.

 

„Светите браќа Кирил и Методиј и нивното епохално и цивилизациско дело се придонес за македонскиот народ и за народите кои ги негуваат словенските културни особености. Наша е гордоста што нашите предци благодарение на Светите браќа Кирил и Методиј  добија можност на свој разбирлив јазик да ги примат и шират христијанските вредности. Нивната посветеност кон преводот на библиските текстови ги отворија портите на нови знаења и сеопшт развој на многу народи низ Европа и пошироко. Слободно можеме да истакнеме дека огромна е и привилегијата што макотрпната работа и испирација за своите големи мисионерски походи ги црпеле токму од ова тло и од светилиштата во Македонија. Тие зад себе оставија и ученици, а меѓу најистакнатите се Св. Климент и Св. Наум, кои го создадоа Охридскиот универзитет еден од најстарите во Европа и паметник кој не може да се избрише“, се вели во честитката на Вељаноски.

 

 

Истакна дека наша обврска е да создаваме трајни вредности, да го чуваме идентитетот, културата и јазикот. Убеден сум дека и идните генерации својот напредок ќе го темелат врз претходните и ќе ги спроведуваат светлите принципи на верба, истрајност и трудољубивост./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ1 час

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет2 часа

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...

Македонија3 часа

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред...

Свет3 часа

(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот...

Македонија4 часа

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи...

Европа4 часа

Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина....

Македонија4 часа

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче, не може да донесат ништо ново и добро ни во СДС ни во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново...

Македонија5 часа

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје, Ирена Витина, за обезбедувањето...

Свет5 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети

Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико,...

Европа6 часа

(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на...

Европа6 часа

(Видео) Товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус: едно лице загина, неколку повредени

Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните...

Европа7 часа

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија...

Европа7 часа

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,...

Македонија20 часа

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија21 час

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија23 часа

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...

Македонија1 ден

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион1 ден

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...