Општество
ВМРО-НП: Заедничкото чествување на Велигден ќе го исполни вековниот стремеж на сите верници
ВМРО–Народна партија, негувајќи ги трајните демохристијански вредности со кои се дефинира основниот политички профил на партијата, со интерес го прими неодамнешниот предлог на Неговата светост Папата Фрaнциск, упатен до сите христијани, за утврдување на датум за заедничко чествување на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
„Ова е предлог од исклучително црковно значење и ние сме свесни за нашата позиција во врска со ова прашање, но сепак заради горе наведеното, чуствуваме за потреба да искажеме наше мислење. ВМРО-Народна партија смета дека идејата на Папата го отвара патот кон приближување на различните црковни догми кои во иднина можат да се надминат и да допринесат за конечно канонско единство на христијаните од целиот свет. Заедничкото прославување на овој најголем христијански празник ќе биде исполнување на вековниот стремеж на сите верници и црковни великодостојници, со што ќе се остварат заложбите на светите отци учесници на Вселенските собори, за соборност на една и единствена црква“, велат од ВМРО-НП.
ВМРО-Народна партија смета дека за предложениот датум од Папата може да се разговара, затоа што и така православните христијани најчесто го слават Велигден меѓу втората и третата недела во април.
ВМРО-Народна партија е на мислење, Македонската Православна Црква сериозно да го разгледа овој најнов предлог, затоа што е конструктивен и прифатлив за македонските верници и потоа да излезе со свој став.
На ваков начин, МПЦ ќе искаже далеку поголема зрелост од Руската и Српската Православна Црква, кои априори го отфрлаат овој добронамерен предлог, прикажувајќи се себеси за заштитници на првославните традиции, а всушност мотивите се од јасна политичка природа. Истовремено, ова и дава автентичност на одлуката која е донесена самостојно од Македонската Православна Црква, велат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

