Контакт

Општество

Во петок увид во тестовите од матурата

Објавено пред

Вкупно 505 приговори на резултатите од државната матура биле доставени до предметните комисии, од кои 212 биле прифатени, соопшти Државниот испитен центар.

dobivaj vesti na viber

Во петок, право на увид во тестовите имаат оние матуранти кои приговарале. Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на 14 јули. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страницата за државната матура www.matura.gov.mk.Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Вкупно беа доставени  505 приговори  и истите беа разгледани и решени од страна на предметни комисии за приговори. Од нив беа прифатени 212,  што е околу 0,4% од вкупно прегледани 49861 тест-книшки во овој испитен рок.    Конечните резултати согласно пропишаната динамика на реализација на државната матура се доставени до училиштата. Кандидатите кои приговарале имаат право на увид во тестот. Увидот ќе се реализира на ден 24.07.2015 година (петок) во просториите на Државниот испитен центар.На сите матуранти во Македонија, Државниот испитен центар им посакува успешно да го продолжат своето понатамошно образование./крај/со/бб

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија21 минута

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет32 минути

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина, сугерирајќи дека Москва...

Топ1 час

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија2 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија2 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа4 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија6 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија8 часа

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија8 часа

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион8 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа9 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет9 часа

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет9 часа

Каде ќе се одржи самитот Трамп – Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион9 часа

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет20 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет21 час

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа23 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа23 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија24 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...