Контакт

Општество

Во Скопје одбележан Инклузивниот ден – Сите се смееме, но на различен начин

Објавено пред

Со свечена програма на учениците и ученичките од АСУЦ „Боро Петрушевски“ на скверот Јадран во центарот на Скопје во саботата беше одбележан Инклузивниот ден, во рамки на заедничкиот проект на Советот на Европа и Европската унија именуван како „Регионална поддршка за инклузивно образование“ во југоисточна Европа.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, покрај Скопје, сличен настан кој има за цел подигнување на свеста кај јавноста за инклузивното образование, се одржа и во Тирана, Приштина, Сараево, Подгорица, Белград и Загреб под мотото „Сите се смееме, но на различен начин“.

Скопското АСУЦ „Боро Петрушевски“ е едно од 49-те училишта од 48 градови одбрани да бидат пилот – училишта во рамки на оваа регионална програма која заеднички ја поддржаа Советот на Европа и Европската унија. По тригодишното искуство од спроведувањето на инклузивното образование, односно вклучувањето на сите деца во наставно-воспитниот процес, денес децата со подготвената програма покажаа дека овој вид на образование е предуслов за инклузивно општество и дека е возможно во практика.

„Успешно спроведениот проект ‘Unlimited school 4 you’ и нашите позитивни искуства од процесот на инклузивно образование се надеваме дека ќе бидат пример и за другите училишта да создадат предуслов за поддршка во креирањето и воведувањето на инклузивното образование во редовниот наставен процес“, рече Соња Атанасовска, професорка во АСУЦ „Боро Петрушевски“, и истакна дека преку овој проект е создадена мрежа на училишта и наставници низ која циркулираат искуства и практики од регионот, но и од земјите на Западна Европа.

Учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Скопјани им приредија програма составена од музички точки и театарска претстава насловена како „Нашето маало“. /крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле

Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100% царини за стоки увезени од Русија претставуваат „театарски ултиматум“...

Свет30 минути

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање...

Свет34 минути

Иран: Не веруваме во прекин на огнот со Израел, подготвени сме за повеќе воени сценарија

Министерот за одбрана на Иран, вчера изјави дека Исламската Република не верува во сегашниот прекин на огнот со Израел и...

Македонија44 минути

Алијанса за Албанците: Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија

Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање...

Свет50 минути

(Видео) Њујорк под вода, поплави во метро станиците, луѓето се заглавени во вагоните

Повеќе од 50 милиони Американци низ североистокот се под притисок од поплави, а истите предизвикаа значителни застои во сообраќајот во...

Свет1 час

Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не и дека „завршил“ со Владимир Путин, во ексклузивно телефонско интервју...

Свет15 часа

Трамп ѝ постави ултиматум на Русија: Украина добива врвно оружје, вредно милијарди

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со сериозни секундарни царини,...

Регион16 часа

Радев вели дека Македонија самaта си се блокира, хрватскиот претседател порача спорот е внатрешно прашање

За време на средбата со својот бугарски колега Румен Радев, хрватскиот претседател го критикуваше ставот кон земјите од Западен Балкан...

Македонија18 часа

Блерим командува, Данела удира по Албанците: сценарио на ДУИ, велат од „Вреди“

Да расветлиме една од најболните приказни за злоупотреба на институциите против граѓаните, приказната за мрежата што ја создадоа Блерим Беџети...

Топ19 часа

(Видео) Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата...

Топ20 часа

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија20 часа

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ20 часа

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија24 часа

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет24 часа

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија1 ден

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа1 ден

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет1 ден

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...

Европа1 ден

ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето...

Свет1 ден

Пропустите на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Трамп, утврди Сенатот

„Неприфатливи пропусти“ од страна на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година, утврди Комитетот...