Општество
Во Специјалниот завод Демир Капија нема лекар, а има 153 административци
Во ЈУ Специјален завод – Демир Капија, каде трајно се сместени 277 штитеници, со тешка ментална ретардација, нема постојан лекар, но има 153 лица кои се вработени како административен персонал, забележале од Хелсиншкиот комитет за човекови права по извршената посета во рамките на установи од затворен тип.
Во ЈУ Специјален завод – Демир Капија, каде трајно се сместени 277 штитеници, со тешка ментална ретардација, нема постојан лекар, но има 153 лица кои се вработени како административен персонал, забележале од Хелсиншкиот комитет за човекови права по извршената посета во рамките на установи од затворен тип.
Во овој Специјален завод кој постои повеќе од 40 години сместени се лица со најтешка ментална ретардација, но тие живеат во супстандардни услови. Од Хелсиншки сметаат дека е недозволиво во установа во кои се сместени 277 штитеници да нема ниту еден еден постојан лекар.Хелсиншкиот комитет по извршената посета констатира дека со штитениците со тешка попреченост, работат четворица дефектолози, 18 медицински сестри, 70 негуватели, а останатиот дел од 153 вработени се административен персонал.За време на посетата на тимот на Хелсиншкиот комитет во одделот каде што се сместени лицата со најголем дефект, односно 90 отсто од нив се неподвижни, тие наишле на ужасна глетка каде што лица неподвижните лазеле по подот во зградата во која мирисот е ужасен, вратите се искршени и каде што мачки направиле свое живеалиште.„Сите одделенија се во лоша состојба и не исполнуваат минимални услови за живот. Надворешниот дел на градбите е во лоша состојба, ѕидовите се нагризани, а фасадата е падната на повеќе места. Собите во кои се сместени штитениците се полни со влага и мувла. Во нив речиси нема шкафови, ќебињата се стари и истрошени и на повеќе кревети немаше перници“, се вели во извештајот на Хелсиншки комитет изработен за Специјалниот завод.Дел од штитениците својот доручек го имале веднаш до распаднатите тоалети, кои со години не биле исчистени и од каде што се ширела ужасна смрдеа.Загрижувачки е и бројот за смртноста, па така од 1993 година до 2016 година во Домот, според евиденцијата, починале 375 штитеници.„Поголемиот дел од смртните случаи се резултат на белодробни заболувања кај штитениците“, констатира извештајот.Сезонската вакцина која треба да ја примаат луѓето сместени во оваа установа, ја примале и со два месеци задоцнување, а надлежните во Домот немале одговор кој е добавувачот на вакцините.Поради еден случај во кој штитеник починал под сомнителни околности и обдукција која го запрепастила тимот на Хелсиншкиот комитет, тие најавија кривична пријава за надлежниот обвинител задолжен за случајот, бидејќи смртта на лицето завршила во архивите а никој не одговарал за небрежноста.Овие забелешки Хелсиншкиот комитет ќе ги испрати и до меѓународната заедница но нивниот апел главно е до Министерството за труд и социјална политика со кое раководи Диме Спасов, да изврши увид и да одговори на проблемите во ЈУ Специјален завод – Демир Капија./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

